Убавина која ќе ве остави без здив: Бора Бора, РАЈ на земјата (ФОТО+ВИДЕО)

26 јуни, 20200
Annotation 2020-06-26 223321

Остров за уживање и одмор во голем стил

Бора Бора, остров на Француска Полинезија, опкружен е со лагуна и корален гребен.

Многумина ќе кажат дека ова е рај на земјата и дека ниеден остров на светот нема таква убавина како “прво раѓање”, што значи Бора Бора во превод.

Морфолошки, островот е сместен во средниот прстен составен од  корални острови и до него може да се стигне само од еден пловен правец.

Остовот е оддалечен окулу 260 километри од главниот град Папатеа. Она што прво ќе ве фасцинира се остатоците од некогашниот вулкан во облик на два врва, Pahie и Otemanua, обраснати со густа зелена шума.

Бурната историја на островот и необичното име

Полинежаните пред 11 векови се населиле во овој тропски рај. Европјаните дури во 18 век прв пат го откриле островот, односно 1722 година од страна на холандскиот истражувач Рогевен.

Познатиот морепловец Џејмс Кук подоцна во истиот век стигнал до него и неговата посета оставила незаборавен печат, односно тој го дал името на овој остров. Тој го крстил островот Пола Пола што во превод значи “првороден”. Локалните соседи не можеле да изговорат “п “и “л “, па затоа островод бил преименуван во Бора Бора како што и денес го викаме.

По снимањето на културниот филм “Таbu” во дваесетите години од минатиот век , западната култура го освојува островот. За време на втората светска војна Американците имале свои бази и воени аеродроми на оваа локација.

Тој аеродром и денес се користи за туристите кои доаѓаат на ова место и од таму со чамци ги носат до своите сместувања.

Околината

Природните услови и преубавиот пејзаж на островот го направија еден од најпознатите туристички дестинации во светот. Температурата која се движи од 24 до 28 степени и благиот ветер кој доаѓа од истокот овозможуваат пријатни климатски услови за сместување на овие острови.

Денес островот живее од туристи. Задоволни туристи се враќаат на овој остров, маѓепсани  од преубавата природа и плажите. Слободно може да се каже дека Бора Бора е еден огромен хотел, наменет за уживање, опуштање, и одмор во најатрактивното природно опкружување.

Помеѓу коралните гребени и брегот се магичните лагуни со неверојатно проѕирна и мирна вода. Таа благодет е искористена за подигање на цела низа од куќички бунгалови на столбови во вода.

Куќите се од трски и дрва, па по надворешниот изглед никој не би кажал дека внатре постои се што е неопходно за туристите. Гостите со денови не мораат да ја напуштат својата куќичка , бидејќи се што ќе посакаат, ќе им биде донесено пред врата.

Бора Бора е познат по нуркањето во коралниот гребен. Во водата може да се забележат различни видови ајкули, риби и други морски животни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi