Вака ли изгледа рајот? Единствено место на светот каде туризмот „цвета“ и покрај Короната

Местата што претежно живеат од туризам се во голема неволја заради пандемијата на коронавирусот и сè што носи. Сепак, сè е резервирано на една локација до јуни 2021 година.
Островите Чатам, архипелаг во Тихиот океан, се оддалечени околу 800 км од Нов Зеланд. Во исто време, тие спаѓаат во надлежност на токму таа држава. Поради оддалеченоста од копното, тие не беа секогаш првиот избор за туристите, но сега, како што велат за Би-Би-Си, тамошните угостители мораат да одбијат резервации затоа што едноставно се пренатрупани.
Во стандардна сезона, ова место генерално привлекува околу 2.000 туристи. Чатам и Пит, единствените два населени острови, имаат вкупно околу 700 жители, а како што и самите признаваат, тие не се навикнати на таков наплив.
„Главно нема помлади гости, бидејќи сместувањето тука не е ефтино и нема барови на плажа или слични места што ја привлекуваат помладата популација“, изјави за Би-Би-Си Џеки Гурден, менаџер за туризам на островот.
Жителите на островот Пит сакаат да кажат дека тоа е „првото населено место од кое може да се види зајдисонцето секој ден“, а на островите живее многу егзотичен животински свет – некои од најретките птици во светот, разни копнени суштества, но и најмалиот пингвин – „малиот син пингвин“.