Ве носиме до најоддалечената точка од копното на Земјата: Точка Немо (ВИДЕО)

11 јуни, 20200
nemo

Среде океанската пустина се наоѓа океанскиот пол на непристапност кој е познат и како гробишта за вселенски летала

Јужнопацифичкиот вртлог е една од петте најголеми океански струења на нашата планета и се наоѓа во јужниот дел на Тихиот океан, и тука е Точка Немо, односно океанскиот пол на непристапност, што е најоддалечената точка од копното на Земјата.

Оваа област на океанот е различна од околината, а позната е и како гробишта за вселенски летали.

До неодамна, научниците немаа јасна слика за животот во овие мистериозни води, па Точката Немо секогаш се сметаше за пустина во однос на морската биологија, пренесуваат порталите.

Екипажот, предводен од истражувачи од Институтот Макс Планк за морска микробиологија во Бремен, Германија, тргна во шестнеделна експедиција што се протегаше од Чиле до Нов Зеланд. Благодарение на напорите на истражувачите од Институтот, микробиолошките податоци беа собрани од длабочина од пет километри.

Наодите се потврдени со фактот дека бројот на микроорганизми на површината на Јужниот Пацифик е три пати помал од бројот на истите во атланскиот вртлог.

„Ова е веројатно најниската количина на живи ќелии досега измерени на површината на океанот“, изјави Бернхард Фукс, микробиолог и еколог чиј тим ги тестира собраните примероци, изјави за Science Alert. Тимот на Фукс потврди дека истражувањето ќе продолжи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi