Влијанието на карантинот и технологијата: Дали виртуелните патувања ќе ги заменуваат класичните дури и по пандемијата?

2 јуни, 20200
vr

Бидејќи 90 проценти од светот во моментов не може да патува, многу авантуристи се свртеа кон виртуелната реалност (VR), како би можеле да го посетат Мачу Пикчу, Дизниленд, африканскиот континент или некоја друга дестинација од нивниот дом. Потенцијалот за оваа технологија да го олесни и модернизира светскиот туризам е очигледен.

Иако го ублажи загадувањето на воздухот, пандемијата беше катастрофална за туристичката индустрија.

Но, дали интересот за виртуелно патување ќе продолжи и по пандемијата?

Со години, авиокомпаниите и туристичките агенции користат, меѓу другото, VR технологија. Виртуелното патување во моментов расте со популарност. Валери Кондрок, директор на VR туристичката компанија Аскејп, забележа дека бројот на преземања на неговата апликација е зголемен за 60 проценти од декември и дека постојано се удвојува од јануари.

Сепак, постои голема разлика помеѓу користењето на виртуелната реалност и навистина да ја посетите посакуваната дестинација.

Првенствено, оваа технологија сè уште не е доволно напредната. Видеата за виртуелна реалност од 360 степени обично се доживуваат преку специјални гаџети (како Oculus Rift) или преку апликација (како Google Cardboard). Таквите технолошки гаџети се скапи, тешки, можат да предизвикаат гадење и не се пријатни за носење повеќе од 30 минути. Апликациите немаат ниту еден од овие проблеми, но тие едноставно не се толку импресивни, пишува National Geographic.

Постојат многу ограничувања што можат да бидат пречка за овој развој.

Видеата се фокусираат на звуци и слики, но тие не можат да предизвикаат мирис, допир или вкус, а искуствата со VR обично траат премногу кратко – тешко дека може да се спореди со двонеделен одмор во Шпанија.

Секако, многу истражувачи работат на поимпресивни карактеристики на VR, вклучително и хаптички(допирен) костуми, вели Самуел Грингард, автор на програма за VR. Но, иако креирањето на целосен костум со зајакнати сензорни сетила може да го направи VR искуството многу пореално, сепак не ги исполнува во целост потребите што нè наведуваат да патуваме.

„Туристите се повеќе насочени кон нови искуства и откритија, тоа едноставно не е возможно во виртуелната реалност“, рече Ерик Рамирез, филозоф на Универзитетот во Санта Клара кој ја проучува VR.

Виртуелната реалност можеби не го заменува традиционалното патување, но сепак нуди многу интересни опции.

Ако технологијата стане доволно добра, екологистите кај нас би можеле да претпочитаат да го истражуваат светот на овој начин. Патувањето VR навистина ви овозможува да посетите делови од светот (особено тешко достапни) за многу луѓе, кои не се физички способни да посетуваат одредени места.

Вистинското влијание на виртуелната реалност врз патувањето ќе биде одредено само од еволуцијата и успехот на примената на новите технологии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *