Волшебни каскадни базени со лековита топла вода: Памуккале, скапоцениот камен на Турција (ФОТО+ВИДЕО)

26 август, 20200
Capture 5
Температурата на водата во термалните извори е изнесува од 35 до 100 степени целзиусови

Во текот на илјадници години, на југозападот на Турција, во провинцијата Денизли, се таложел калциум.

Со тектонските поместувања на тлото во басенот на реката Меандер, дошло до силни потреси и појава на повеќе извори на врела вода.

Еден од тие извори имал исклучително висока концентрација на минерали, а посебно калциум, со што се формирале плитки и терасести базени од топлите извори.

Поради својот необичен изглед и фактот дека оваа формација потсетува на памук, таа е наречена Памуккале – “Памучна тврдина” и од древни времиња ги привлекува ллуѓето од целиот свет, пред се поради своите надалеку фалени лековити води.   

Во средината на 20тиот век, започната е изградба на хотел, со што дошло до значајна штета на овој терен. После тоа, хотелите и патиштата се срушени и заменети со вештачки базени, а цел овој дел од Денизли се нашол на листата на културни богатства на Унеско.

Температурата на водата во овие извори варира од 35 до 100 степени целзиусови. Водата од изворот се пренесува 320 метри, до највисоката тераса, а потоа се нанесува калциум карбонат. Кога водата збогатена со ова хемиско соединение ќе ја достигне површината, се ослободува јаглероден диоксид, а калциум карбонатот се таложи.

Тоа таложење се продолжува се додека нивото на јаглероден диоксид во водата не се изедначи со нивото на истото соединение во воздухот. Калциум карбонатот во тие моменти е мек, а после извесно време се стврднува. Наравно, на овие реакции влијаат временските услови.

Денес е само еден, помал дел отворен за туристи кои можат да уживаат во сите магии на термалната топла вода. Забрането е одење по овие бели падини во чевли и ако заради сонцето кое овде немилосрдно пржи мислите дека ќе се испечете одејќи по скалите, бидете без грижа. Шетањето по белата падина е пријатно топлo, во некои делови и малку неудобна али пред сѐ единствена.

За капењето под сплавовите и во кадичките не вреди да се зборува, чувството не може да се опише кое мора да се проба. Уште ако имате проблем со реумата или астма, на вистинското место сте. За лековитите својства на извори знаеле уште и антички Грци па во близина на овие извори изградиле изградиле свој град, Хиераполис.

Хиераполис

Старите Грци и Римјани верувале дека водата и тука изградиле град Хиераполис, кој датира од 190-тата година пред новата ера. Тоа е огромен комлекс на лаци, столбови, топли купатила, цркви и фасцинантни гробници. Театарот е добро сочуван и реставриран со седишта од камен за 15000 луѓе. Градот доживеа неколку земјотреси и конечно е напуштен за време на четиринаесеттиот век, но неговите рушевини навистина вреди да се видат.

Во еден посебен простор, ограден и богат со зеленило се наоѓа и вистински базен за кој кажуваат дека Клеопатра лично дала да се заѕида за неа. Овој базен е термален и не може да се прочистува како класичен базен, заради што Турците водат сметка да не се извалка.

Ќе може да пливате и уживате најмногу 2 часа, бидејќи толку е дозволено, а постои и причина за тоа. Иако капењето во базенот на Клеопатра е исклучително примамливо, температурата на водата од 37 степени едноставно нема да ви дозволи подолго задржување од предвиденото, бидејќи ке се чувствувате малку “сварени”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *