Запознајте го “Белиот Рај” : Плажата долга 7000 метри е прогласена за најеколошка плажа во светот!

19 јуни, 2020
86e8d5ca

Австралиските власти сакаат плажата да остане снежно бела, па поради тоа е забрането да се носат кучиња и да се пушат цигари.

Плажата Вајтхајвен (или Бел Рај во превод) се наоѓа на островот Витсундеј во Квинсленд. Се смета за најчиста плажа во оваа австралиска држава и најфотографирана плажа на целиот континент. Зошто е популарна? Само погледнете ги нејзините фотографии.

Песокот, кој е толку бел, што се чини како снегулка, веднаш излегува на виделина. Всушност, тоа е кварцен песок кој не ја задржува топлината, па токму затоа е може да се прошета по него дури и во најжешката денови.

Во неколку наврати, ова место е прогласено за најдобра еколошка плажа во светот. Затоа не е изненадувачки што австралиските власти сакаат плажата да остане снежно бела.