Затвор со 5 ѕвезди

9 мај, 2020
zatvor

Како тинејџери, често знаевме  училиштата да ги споредуваме со затвори…И тоа како синоним за места во кои сме биле измачувани, со чувство на неудобност и како места од кои научивме што е клаустрофобија…

Дека сме биле далеку од затвор…е сигурно. Следниве фотографии на комплексот Леобен во Австрија  кој сочинува суд и затвор, ќе Ве демантираат…А можеби и ќе Ве наведат на една дилема…дека отслужувањето на затворската казна…може да биде и еден сладок грев…кој на крајот се исплати…

Колку и да звучи пародично , на ова место можат да му завидуваат и најубавите хотели.  Можеби не во согласност со моралот, но во согласност со луксузот…ќе имате престој „ за мерак “.