Манекенката Џиџи Хадид, која во септември го роди своето прво дете со музичарот Зејн Малик, сега објави селфи со своето бебенце .
Во неделата, 25-годишната манекенка сподели селфи од своето бебе на Instagram Stories, во поза која е многу позната на сите родители. Во не толку гламурозното издание на кое е навикната, со косата во плетенка и без шминка, Џиџи седи потпрена на каучот и го држи бебенцето преку рамото. „Подригува сончеви зраци“, напишала Џиџи на фотографијата, шегувајќи се и опишувајќи како овој родителски ритуал со бебето и предизвикува големо задоволство.
Хадид и 27-годишниот поранешен член на One Direction станаа родители во септември, и дека стана татко за прв пат, Малик се пофали на Твитер на 23-ти септември. – Нашето мало девојче пристигна, здраво и убаво. Не можам со зборови да објаснам што чуствувам. Љубовта што ја чувствувам кон овој мал човек е неопислива напиша гордиот татко, изразувајќи благодарност за заедничкиот живот што им престои.
А мама Џиџи подоцна се пофали со доаѓањето на новороденчето и објави црно-бела слика од бебето кое го држи за рака тато Малик. „Нашето мало девојче ни се придружи викендов и веќе го смени нашиот свет“, напиша тогаш Хадид.
Новопечените родители успеаја да излезат заедно откако нивното прво бебе пристигна на почетокот на октомври. „Мама и тато прв пат заедно“, напиша Џиџи на фотографијата и додаде: „Таа е во другата соба со нејзината баба, но многу ми недостига“.