„Евровизија“ добива американска верзија: „The American Song Contest“ – музички натпревар на секоја од државите во САД

popara12 август, 20201min00
evrovizija

По повеќегодишни гласини, полупотврди и изјави на анонимни извори, конечно и официјално е соопштено дека најпопуларното музичко натпреварувањето во Европа, Евросонг, пристигнува во Америка.

Американското музичко натпреварување – „The American Song Contest“ – ќе биде одржанo во текот на празниците во 2021-ва година.

Правилата ќе бидат слични со веќе постоечките, евровизиските: изведувачи од цела Америка ќе се натпреваруваат во полуфинални емисии, претставувајќи ја својата држава (САД се состои од 50 држави).

Веројатно ќе има пет полуфинални емисии, а победниците за наградата ќе се натпреваруваат во големо финале.

Продуцентите на „The American Song Contest“ најавиле дека ова ќе биде нешто што американската публика досега немала можност да го види.

„Време е Америка да го искуси овој спектакл. Љубовта кон музиката е универзална и прославата на различни жанрови и стилови ги поместува границите и ги обединува луѓето“, изјавил извршниот супервизор на Евровизија, Мартин Устердал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag