36 бебиња од еден маж! Девојките мислеле дека тој е совршен, потоа ја дознале вистината!

15 септември, 2020
bebe

При изборот на кандидат од банка за сперма, жените сакаат тој да биде што е можно подобар, така што детето може да наследи некои од тие добри квалитети.

 Кандидатскиот број 9623 за многумина изгледаше идеален – тој е паметен, има IQ 160, работи на својот докторат, зборува четири странски јазици и личи на Том Круз.

Поради сето погоре, воопшто не е изненадувачки што тој е, т.е. неговата сперма е избрана од мноштво жени, а со тоа се родиле најмалку 36 бебиња во период од 14 години, во различни држави.


Сепак, тогаш сè се сврте наопаку кога се дозна вистината за овој кандидат и жените останаа во шок! Имено, поради грешка на банката – се покажало дека тие не го провериле донаторот – подоцна било утврдено дека сите податоци се лажни, и што е уште полошо, дека станува збор за човек кој нема високо образование, докторат или говор, има големо досие, и и ментални проблеми!

Вистината започна да излегува на виделина во 2014 година, кога банката по грешка ги откри името и адресата на донаторот на група мајки.

Љубопитни дами веднаш започнаа да истражуваат и зачудено ги најдоа неговите сведоштва на Интернет за тоа како слуша гласови. Потоа дознале дека тој е хоспитализиран поради ментална болест, како и дека се обидува да се самоубие.

 Бидејќи оваа ужасна грешка била предизвикана од банката за сперма, затоа што не го провериле кандидатот, мајките покренале тужба против банката и се плашат дека нивните деца наследиле предиспозиции кон ментални болести.

escort - Korsan taksi