Ако соништата ви немаат смисла еве како можете да ги контролирате (ВИДЕО)

9 ноември, 2020
bd10ad6958b68602125e456e0ccace2f7ba4dd05

Телото може да биде мирно, но додека сонувате, очите постојано се вртат во круг. Научниците долго време сметаа дека ова се случува во согласност со она што мозокот го гледа во сон, но до денес ова тврдење не е докажано. Сепак, факт е дека за време на спиењето, очите и мозокот реагираат слично на тоа како би реагирале на истите искуства во состојба на будење, заклучува истражувањето.


Италијанските истражувачи заклучија нешто контроверзно дека чудните соништа се тесно поврзани со психозата, бидејќи луѓето лесно се исклучуваат од реалноста и прават погрешни заклучоци. Експертите тврдат дека соништата и имагинацијата активираат делови во десната хемисфера на мозокот, што е поврзано со обработка на зборови и нивно значење и со расудувачки ситуации. Интересно е да се напомене дека колку е помала активноста на мозокот, толку е стран сонот, небаре мозокот се откажува да го разбира.


Постои техника што може да се искористи за вежбање на оваа вештина, но сега е измислена маска што испраќа сигнали до мозокот за посакуваниот сон. Принципот е многу едноставен – маската се става на очите пред спиење, а остатокот е нејзина грижа. Препознава во која фаза на сон сте и соодветно го води мозокот кон потребните активности.