Ако сте родени во ОВОЈ хороскопски знак, статистиката вели дека имате најголеми шанси да добиете на лотарија!

12 декември, 2020
Screenshot_1

Кога станува збор за игри на среќа, Рибите се најсреќни, а Стрелците имаат најмалку среќа.

Играте игри на среќа и никогаш не добивате ништо? Можеби виновникот може да го најдете во хороскопот! Имено, Daily Mail објави кои се најсреќните хороскопски знаци кога станува збор за играњето игри на среќа. На прво место се Рибите кои имаат освоено повеќе добивки на лотарија изминатата година од кој било друг знак. Родените меѓу 19 февруари и 20 март освоиле 11,6% од сите добивки на лотарија.

Веднаш зад Рибите се Близнаците, а играчите на овој хороскопски знак имаат освоено 9,9% од добивките и еден процент помалку имаат Девицата со 8,9% и Водолијата со 8,5%

Најнесреќен хороскопски знак е Стрелецот бидејќи само шест проценти од припадниците на тој хороскопски знак имаат освоено џекпот на лотарија. Портпаролката на австралиската лотарија Лорен Куни изјави дека би било интересно да се види дали овој тренд продолжува

– На Рибите секогаш се гледа како дарежлив и сочувствителен, со длабоко чувство на љубезност и сочувство. Би било интересно да се види што се случи со нивната добивка на лотарија, или дали ја споделуваат со најблиските.

Табела со хороскопски знаци и процент на добитници во вкупниот број на добитници:

Риби 11,6%

Близнаци 9,9%

Девица 8,9%

Водолија 8,5%

Скорпија 8,5%

Бик 8,5%

Рак 8,2%

Лав 7,7%

Вага 7,7%

Јарец 7,7%

Овен 7,5%

Стрелец 6%

escort - Korsan taksi