АКО ВИ СЕ СЛУЧУВА ОВА БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ- Што значи кога трепери очниот капак или што би рекле луѓето кога ви игра окото?

30 октомври, 2020
shutterstock_403950055_1000x0

Треперот на очните капаци во медицината се нарекува блефароспазам, а кај луѓето – играње на окото. Науката вели дека ова се случува сè почесто поради седење на компјутер, стрес, недостаток на сон или нервно растројство, додека народното верување тврди дека причината е знак.

Само треба правилно да се толкува. Различни народи имаат различни верувања кога е во прашање играњето на окото, но скоро и да нема луѓе кои не успеале да го протолкуваат овој феномен. Еве што велат тие е зошто тоа се случува.

Кина

Во Кина, играњето на левото око се смета за среќна, но ако десното око игра, тогаш тоа е лош знак. Меѓутоа, ако на жена ѝ игра долниот капак на левото око, тоа значи дека некој ја озборува.

Индија

Индијците веруваат дека е лоша среќа ако ви игра левото око и добар знак ако ви игра десното око. Значи, сосема спротивно од кинезите.

Хаваи

Се верува дека треперењето на левото око значи доаѓање на странец во семејството, а ако тоа око игра нон-стоп, тогаш тоа значи распад на семејството.

Балкан

Луѓето од оваа област имаат различни верувања кога станува збор за оваа тема. Постојат толкувања дека играњето на десното око значи дека она што сте го мислеле во тој момент ќе се оствари, додека играњето со левото око е лош знак.

Во некои делови се верува дека ако на жената ѝ игра левото око, по долго патување повторно ќе ја види својата сакана личност. Тоа веројатно е добар знак за сите жени кои се загрижени дека нивните сопрузи ќе се вратат од војната.

Од друга страна, на друго место, се верува дека треперењето на горниот очен капак на десното око значи радост во семејството, а долниот, создавање на ново пријателство. Лево око – горниот капак, раѓање на машко дете во куќата а долнито – лоши вести.

escort - Korsan taksi