Бизарно: Сега за 450 долари можете да го купите „задникот“ на Ким Кардашијан и да го носите на најлудата ноќ (ФОТО)

2 декември, 2020
Kim-Kardasijan-silikonska-zadnjica-1536x810

Дали би носеле вакво нешто?

Ајде да се разбереме на самиот почеток – убавината е во окото на оној што гледа, но не треба да претеруваме.

Мајката природа не дала никому сè во животот, па сосема е нормално дека понекогаш сакаме помал нос, поголеми гради, задник

Ако не сте љубител на естетска хирургија, постојат „алатки“ за да постигнете одредени ефекти на друг начин.

Push-up градници за побујно деколте, па дури и со влошки за вода за да изгледаат што е можно поприродно градите, клипови, перики, вештачки трепки и нокти и секако – вештачки задник.

Да, вештачки задник. Но, не оние што сте ги виделе во кинеските продавници.

Имено, едно дизајнерско трио на почетокот на годината создаде прототип на задникот на Ким Кардашијан, како една од најпосакуваните позадини. Тие најавија дека силиконски шорцеви ќе бидат во продажба на крајот на годината, а тој момент конечно дојде.

За „само“ 450 американски долари, можете од прва рака да искусите како е да се биде Ким Кардашијан.

Скандинавското трио Ида Џонсон (22), Симон Саринен (24) и Бете Карлсон (24), во февруари годинава, на Модната недела во Њу Јорк, за списанието Elle, го претставија „The Bum“, оригинална реплика на задникот на познатата инфлуенсерка во форма на шорцеви, кои можете да ги носите или сами или под облека.

Иако досега старлетата не се изјаснуваше по ова прашање, триото го исполни ветувањето, а „задникот“ сега може да се купи и доаѓа во различни големини. Откако се појави во продажба, повеќето коментари добиваат заклучок дека ова е совршено парче за новогодишната ноќ.

Хм, навистина?

Различни критичари велат дека ова парче „облека“ е гротескно финале на оваа веќе прилично ненормална година.

Шорцевите се изработени од комбинација на силикон, латекс и микрофибер, и иако оригиналниот прототип тежеше приближно 13 килограми (колку што тежи оригиналната позадина), продажните варијанти се далеку полесни, за да се носат поудобно.

Значи, ако сакате да бидете Ким и имате некој денар повеќе, силиконската реплика може да биде вистинското решение да почувствувате на вашата кожа каков е животот со голема поаздина.

Како ви се допаѓаат овие шорцеви? Дали би носеле вакво нешто?