Бон-тон правила кои треба да ги знае секој: За едно од нив сигурно сте мислеле погрешно!

11 ноември, 2020
bc4a88f506501a3db35765be404671f0fb9a9110


Бон тон значи правила на убаво и пристојно однесување во секојдневниот живот. Претставува упатства за однесување за секого, секогаш и секаде.

Нормите на социјалното однесување датираат уште од времето на потеклото на првата човечка заедница, но првата книга на оваа тема е напишана во 16 век. Еве неколку од нив:

Влегување и излегување од ресторан

И покрај правилото дека дамите имаат предност, постојат ситуации кога се прават исклучоци. Еден таков преседан е влегување во ресторан, кафуле или кој било друг угостителски објект. Во овој случај, мажот е тој што влегува прв, така што жената нема да има непријатности или да се соочи со непријатни изненадувања. При напуштање на ресторанот, првото споменето правило се враќа на сила, а жената прво поминува.

Капи, шешири, ракавици

Без оглед на промените во облеката и модните трендови, она што останало правило до ден-денес е мажите да симнуваат капи, шешири и слично, како и ракавици кога се поздравуваат на улица или влегуваат во соба, додека дамите тоа воопшто не го прават.

Ескајг

Постојат многу теории и правила што да се јаде на кој начин и со каков прибор, особено ако се работи за голем и празничен ручек или вечера која се состои од повеќе јадења.


Одење по улица

Правилата на бонтон диктираат дека ако има повеќе од три лица, не одиме сите во иста линија за да не го блокираме преминот на другите пешаци.

Лифт

Бон тонот диктира дека женската личност влегува и излегува прво од лифтот.