Брачната двојка која се раздели на 215 дена поради пандемијата, повторно заедно: Видеото од средбата го расплака Интернетот

21 октомври, 2020
Screenshot_2

Тие се запознале како тинејџери, во брак се 60 години, имаат пет деца и многу внуци. До оваа година тие беа неразделни.

На почетокот на пандемијата, парот Џозеф и Ева Лорет се решија на еден тежок потег – сите да се заштитат едни од други од коронавирусот. Џозеф мораше да се оперира, двајцата се постари, па поради тоа се изложени на ризик, па решија да живеат одделно се додека не се смири целата ситуација.

Двајцата 80-годишници биле разделени дури 215 дена и сега конечно се сретнале повторно во заеднички дом на Флорида.

https://www.facebook.com/watch/?v=705069423756227

Нивната реакција преплавена од емоции ги стопи срцата на многу луѓе кои имаа можност да го погледнат видеото од средбата. Ева се шокираше кога го виде својот сопруг, со кого е во брак 60 години. „Ми недостигаш“, беше првото нешто што го рече таа. “И ти на мене, многу. Мислев дека никогаш повеќе нема да дојдам тука”, возврати Џозеф.

Во март, Џозеф отишол во болница на операција и за време на опоравувањето морал строго да го чуваат, па парот решил да се раздели некое време за да избегне инфекција од коронавирусот. Тие цело време контактирале преку телефон, а понекогаш Ева го посетувала под прозорецот.

Тие се запознале како тинејџери и оттогаш се неразделни. Имаат пет деца и многу внуци.