Брз тест за интелигенција: Можете ли да ги решите овие загатки?

5 ноември, 2020
интелегенција

Решете ги овие прашања и проверете си го нивото на интелигенција

Внимателно прочитајте ги прашањата и обидете се да го дадете точниот одговор. Одговорите и објаснувањата ќе ги најдете на крајот од текстот!

1.Бегство од затвор

Затвореникот доби можност да избега од затвор. Тој веќе успеа да излезе од ќелијата и само надворешната врата сè уште го дели од слободата. Постојат три излези од затворот. Првиот го чуваат три лути кучиња кои никого не пуштаат надвор. На другата врата има темпирана бомба, а последните минути веќе отчукуваат. Меѓутоа, на третиот стои чувар вооружен до заби . Од која врата затвореникот најлесно ќе избега?

2. Истражувач и пештера

Истражувач на Јужниот пол бил погоден од неверојатна снежна бура. Свесен дека некаде мора да се засолни, пронашол две пештери. Сепак, тој не може да влезе во ниту една од нив без никакви проблеми. Имено, во првата има огромна поларна мечка која ќе го изеде. Во другата, некој остави радиоактивен отпад на кој не е паметно да му се приоѓа. Која пештера ќе ја изберете?

3. Куќа со четири врати

Мажот бил киднапиран и заклучен во непозната куќа. Неговите киднапери го оставиле сам – тие знаат дека тој не може да помине низ ниту една врата без да го ризикува својот живот или да го изгуби. Значи, зад првата врата има снег и е екстремено ладно, тој ќе замрзне до смрт ако излезе. Зад другата е базен со гладни ајкули. Зад третата врата сè е исполнето со отровни гасови, а зад четвртата сонцето е толку силно што ги согорува сите живи суштества. Преку која врата тој успешно ќе избега?

4. Седум сестри во колиба

Седум сестри се во колибата и секоја од нив прави нешто. Првата чита роман, втората прави палачинки, третата игра шах, четвртата решава крстозборки, петата пере облека, а шестата наводнува растенија. Што прави седмата сестра?

5. Кражба на чевли

Еден млад човек наследил две фабрики во кои се произведувале многу убави женски чевли. Сè одело добро додека не забележал дека вработените им ги крадат тие убави чевли за своите жени и девојки. И нема шанса да фати никој од нив! Каква одлука донел младиот човек за да го намали бројот на украдени чевли?

6. Пополнете го празно место

Маја е ќерка на Роберт. Роберт е ____ на таткото на Маја.

Еве ги точните одговори:

1. Затвореникот ќе избега низ вратата со бомба. Бомбата веќе отчукува и кога ќе експлодира нема да има повеќе опасност, тоа ќе му го отвори патот за бегство.

 2. Ќе влезат во првата пештера – нема поларни мечки на Јужниот пол!

3. Затвореникот ќе избега преку последната врата, зад која е сонцето. Како? Едноставно ќе чека ноќ, односно сонцето да зајде.

4. Седмата сестра игра шах со третата.

5. Сопственикот наредил едната фабрика да ги произведува само левите чевли, а другата само десните.

6. Роберт е ИМЕТО на таткото на Маја.

escort - Korsan taksi