Дали алкохолот навистина ја извлекува вистината од нас? Еве што вели науката

28 август, 2020
pexels-photo-1269025-1140x570

Дека во виното е вистината, ни кажуваат додека сме уште многу млади. Но, не секој кажува дека оваа изрека е вистинита.

Кога станува збор за алкохолот и вистината, луѓето денес ќе бидат поделени во две групи. Некои ќе тврдат дека е така, а некои, пак, ќе помислат дека алкохолот ги претвора луѓето во нешто што не се. Но, за сите сомнежи, постои наука, а науката овој пат ќе се согласи со оние кои тврдат дека секоја чашка повеќе, покажува поголем дел од луѓето како што се навистина.

Potential dads alcohol

Истражувањето спроведено на универзитетот „Пурдју“ во Мисури вели дека алкохолот нема моќ да ги менува луѓето, или нивните личности. Колку и да е тешко за некои да веруваат, во пијана состојба луѓето остануваат исто како и кога се трезни. Студијата вклучува 156 луѓе во пијана состојба, кои играле друштвени игри со пријатели ко се во трезна состојба. Иако повеќето пијани чувствувале дека се однесуваат поинаку во текот на играта, нивните пријатели не забележувале никакви разлики во однесувањето, освен тоа што биле погласни. Истражувањето заклучува дека алкохолот не ги менува намерите, желбите и мислите на луѓето, туку ги прави повеќе екстровертни и слободни отколку што се вообичаени.

Според пет-факторниот модел на личност, постојат пет главни црти што луѓето ги носат во себе. Тие се совесност, екстраверзија, удобност, невротизам и отвореност кон нови работи. Интересно е што сите испитаници изјавија дека пијаните се чувствуваат поинаку на сите пет полиња. Но, од научна гледна точка, единственото нешто што се смени е екстраверзијата, односно полесно и побрзо прилагодување кон новото опкружување.


Затоа, заклучокот е дека луѓето не се менуваат под дејство на алкохол. Се прашувате зошто многумина мислат дека е различно? Затоа што тие едноставно мислат дека алкохолот „ги тера“ да прават работи што трезвени луѓе никогаш не би ги правеле. Но, ако погледнат подетално, тие ќе сфатат дека ова се сите работи што излегуваат на површина со мала помош од алкохол. Алкохолот не може да нè смени.

escort - Korsan taksi