Дали „добрите момчиња“ им се помалку привлечни на жените? Еве што одговорија…

21 ноември, 2020
d7016da7505c3957dc87


Некои жени откриле дека претпочитаат ‘лоши момци’ затоа што се чувствуваат возбудени, но и заштитени со нив, додека со добри момци се чувствуваат здодевно и немаат страст и енергија. Многумина се прашуваат зошто добрите и нежни момци се секогаш последниот избор за многу девојки, но и дали тие се помалку привлечни за нив. Така, една експертка, Луана Вард, ги постави токму тие прашања на социјалните мрежи за да утврди што се крие зад човечката привлечност, а одговорите ја изненадија


Жените велат дека сакаат маж кој е добар, сигурен, емоционално интелигентен, забавен и кој ќе работи со неа и за неа. Сепак, кога станува збор за дружење, многу мажи го слушаат изговорот: ‘Ти си одлично момче, но…’ Па што тогаш недостасува кај добро момче – праша Вард во својот пост.

– Доброто не е страствено, не е опасно, не прави да се чувствувате живи, не ве предизвикува сексуално. Добро момче дава само 50 проценти возбуда во врската – напишал еден маж, додека други рекле дека добрите момци се премногу прилагодливи и очајни за да сакаат некој, што ги отфрла жените.

Некои жени откриле дека претпочитаат ‘лоши момци’ затоа што се чувствуваат возбудени, но и заштитени со нив, додека со добри момци се чувствуваат здодевно и немаат страст и енергија. Многу жени рекле дека на добрите момци им недостасува самодоверба и сигурност да ја привлечат другата страна. Сепак, тие тврдат дека не се привлечни за млади жени, но штом ќе созреат, нивните приоритети се менуваат и добрите момци конечно ја добиваат својата шанса.