Дали сакате да ЗАРАБОТУВАТЕ повеќе, да водите УДОБЕН живот? Верувале или не, СПИЕЊЕТО има врска!

27 септември, 2020
a64ba1a40112e3c921670d7f9ecc6ca0b8b8fb67

Дали сте ранобудник или ноќен тип? Одговорот на ова прашање може да открие многу за вас, па дури и склоност кон одредени професии.

Направени се повеќе истражување на оваа тема, а авторите на студијата Why night owls are more intelligent (Зошто ноќните птици се поинтелигентни), Сатоши Каназава и Кајаи Перина заклучија дека способноста на луѓето да го контролираат биоритмот зборува многу за нивната интелигенција.

Zanimljivo! 😅

Gepostet von Magazin Novosti am Montag, 21. September 2020

– Нашите предци легнувале рано и станувале рано, а ако отстапиме од оваа норма, тоа значи дека сме во согласност со современиот живот, а тоа само по себе е знак на интелигенција – сметаат авторите на студијата.

Ако го слушаме нашето тело и, да речеме, одбиеме да стануваме наутро, тоа значи дека сме независни,а луѓето кои ги следат своите страсти и потреби се креативни и сами доаѓаат до решенија. Треба да го имаме предвид и фактот дека луѓето денес остануваат будни подолго време поради вештачка светлина, додека во античко време легнувале по зајдисонце затоа што не можеле да работат откако ќе се стемни и станувале рано за да користат дневна светлина.

На оваа тема се осврнаа и експерти од Универзитетот во Мадрид, откривајќи дека „ноќните птици“ постигнуваат подобри резултати на тестовите за интелигенција отколку луѓето кои легнуваат порано.

„Тие исто така постигнуваат подобри резултати на тестовите за интелигенција!“

Истражувачи од Универзитетот во Лиеж во Белгија, исто така, проучувале луѓе кои се повеќе склони кон ноќни активности и оние кои започнуваат „акција“ рано наутро. Тие им ја измериле активноста на мозокот, час и половина по будењето и 10 часа откако станале од кревет. Тестирањето во првиот случај покажа еднаква продуктивност, но кога експериментот беше направен десет часа по будењето, „ноќните типови“ беа попродуктивни од ранобудниците.

„Тие имаат поголеми приходи, водат поудобен живот …“

Експертите од британскиот универзитет во Саутемптон ги анализирале навиките за спиење на скоро 1.230 мажи и жени, како и социјалните и економските околности во кои живеат. Тие заклучија дека луѓето кои легнале околу полноќ и станале по осум часот наутро имале поголеми примања и биле посреќни – воделе поудобен живот во споредба со ранобудниците.

Истражувањето исто така покажа дека поединците, кои минале 12 или повеќе часа во кревет, биле изложени на поголем ризик од предвремена смрт, а најмал имале оние кои спиеле осум часа.