Дали сакате ПОДОБАР ЖИВОТ? Започнете да пишувате ДНЕВНИК и ќе ви се случи чудо!

28 септември, 2020
дневник

Кога последен пат сте биле благодарни за нешто што ви се случило?

Едно истражување покажа дека благодарноста помага да се чувствуваме подобро и да бидеме посреќни. На учесниците во студијата им беше дадена задача да водат евиденција за нивното однесување и расположение, физичките симптоми што ги чувствуваат и нивната целокупна среќа во животот.

Тешко е да се истражи благодарноста затоа што тоа е комбинација на емоции, ставови, морални доблести, навики, одлики…

Благодарноста е поврзана со љубезност, дарежливост, убавината на давање и примање. Ако луѓето научат да ја препознаваат среќата во животот и се благодарни за тоа, психолозите сметаат дека лекувањето на многу ментални болести може да биде поврзано со тоа. Постојат многу ситуации кои покажуваат колку е важна благодарноста.

Оној кој ќе се заблагодари, повторно ќе добие помош

Експертите сметаат дека честопати треба да им изразиме благодарност на пријателите ако тие придонеле за да се постигне нешто во животот. Не само што ќе се чувствуваат подобро, туку и вие. Кога ќе видат дека ги цените, веројатно ќе сакаат да ви помогнат во иднина.

Креативност!

Благодарноста исто така го подобрува креативното размислување. На пример, некој што е благодарен на својот партнер за неговата љубов и грижа, ќе се обиде да го покаже тоа со зборови и дела.

Со благодарност, луѓето подобро се справуваат со стресот затоа што не размислуваат за негативни работи.

Да кажете „благодарам“ е најдобриот збор што некој може да го каже. Колку сме повеќе благодарни за убавите работи што ни се случуваат, толку ќе бидеме и поблагословени.

Со благодарност, подобро ќе се справиме и со стресот. Кога сте вознемирени, размислете за што треба да бидете благодарни затоа што негативните мисли ќе ги насочите кон позитивни работи. Наместо да размислувате зошто нешто тргна наопаку, фокусирајте се на она што го научивте од тоа искуство. Ќе имате помалку време за страв, лутина или тага. Тоа ќе го подобри вашето расположение и брзо ќе ги замените депресијата и лутината со среќа.

Обидете се да водите дневник и запишете барем две работи за кои сте благодарни. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе откриете дека расположението ви се подобрило.