Дали се применува ‘правилото 5 секунди’ кога храната ќе падне на подот или е само мит? Тим од лекари го дадоа одговорот!

31 декември, 2020
cupcake-candy-food

На почетокот на оваа година, на Инстаграм се појави нов кориснички профил наречен @pitajdoktora.

Неговата тема е одговарање на прашања во врска со здравјето од неговите следбеници, а одговорите заинтересираа многумина и денес овој профил има 19,2 илјади следбеници.

Зад овој профил стојат четворица лекари – специјалист по семејна медицина, специјалист по неврологија, интерна медицина и офталмологија и оптометрија. Четворицата избраа да останат анонимни затоа што приоритет им е да им помагаат на луѓето, а не да се пласираат јавно. Идејата беше да се создаде едно место на Интернет каде експертите ќе одговараат на прашањата на луѓето конкретно и јасно за здравјето.

Едно прашање што го објавија е поврзано со нешто за кое се расправа со години дали е вистина или мит – дали важи правилото од пет секунди за време на кое храната ќе остане чиста кога ќе падне на нечист под или е измислица?

Тие кратко и јасно одговорија дека станува збор за измислица. Според претходната студија, одредени видови храна поминуваат подобро од другите кога паѓаат на подот. Текстурата на прехранбениот производ има директна корелација со контаминацијата. На пример, едно истражување тестирало лубеница која има високо ниво на вода. Истражувачите откриле дека има поголема контаминација од која било друга тестирана храна.

Кога станува збор за површината, истражувачите откриле дека тепихот има многу мала стапка на пренесување. Ламинат, плочки и дрво имаат многу повисоки стапки на пренос.

Во некои случаи, пренесувањето на бактериите може да започне за помалку од 1 секунда.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi