Дали селфито е психолошко пореметување или популарно хоби

11 јули, 20200
da_li_je_selfi_psiholoski_poremecaj

Огромниот ентузијазам за нарцисоидност ги натера психолозите да ја проучат оваа тема и да направат истражување, па од таму и претераната желба за правење селфи фотографии доби и име – самоманија.

Ќе се сложите дека не сме далеку од вистината ако кажеме дека денес само оние кои живеат во пустина и немаат мобилен не се во состајба да направат селфи. Сите останати редовно се сликаат и активно ги споделуваат своите фотографии на социјалните мрежи. Некои постираат 2 до 3 селфиа во неделата додека пак некои и 5 до 6 дневно, така да според тоа нема граници оваа појава.

Преку своите истражувања научниците почнале да разликуваат три фази на развој на самоманијата.

  • почетна – кога една личност не прави повеќе од 3 селфиа дневно и не ги постира на социјалните мрежи
  • акутна – се праваат дневно повече од 3 селфиа и редовно се постираат на сопствените профили
  • хронична – кога се прават повеќе од 6 селфиа дневно и сите се постираат

Сепак не можеме да се сложи ме со тоа дека селфиата, посебно ако се иде до крајност, навистина не влијаат на квалитетот на живот или на психо-емоционалната состојба на лицето.

Дури и ако не зборуваме за селфито можеме со сигурност да кажеме дека личноста која постојано се фокусира на себеси укажува дека има одередени проблеми со самопочитувањњето и со перцепцијата на своето „јас“. Така да селфијата не се секочат така бесполезни како што се чини.

Да тие можат да помогнат за зголемување на самопочитта но тоа не важи за сите.

Зависноста од лајкови и срциња бара да се наоѓаат подобри агли за фотогграфирање и поинтересни места кои би можеда да го привлечат вниманието на нивните пријатели. Ако овие работи не се најддат тогаш личноста почнува да се нервира и да измислува секаков вид на глупости како да не остане без следбеници и да не го изгуби јавниот интерест.

Борбата против зависност од социјалните мрежи е една од најголемите проблеми на денешницата. А потребата за селфи само ја влошува оваа ситуација и борбата ја прави скоро невозможна.

Некои млади толку сакаат да се фотографираат на најнепредвидливи места што одат до таму да се спремни да го ризикуваат својот живот само а успеат да се сликаат и добијат неколку стотина лајкови кои многу значат за нив во споредба со животот.

Од една страна јасно ни е дека секој прави селфи, додека од друга страна лудоста да се фотографира се и сешто веќе некое време ја има преминато границата, па така фотографиите од тоалетот не се смета за нешто скандалозно. Така, малце по малце, модерните луѓе го губат осетот за личен простор, впуштајќи ги сите погледи во нив. Со време тоа ќе влијае на нивната емотивна состојба и ако немаат што да покажат на замислената интернет публика ќе паднат во востинска депресија.

Оваа појава кај некого доведува до потценување на сопствениот живот бидејќи не сите се во можност да имаат или сликаат на скапоцени јахти, слики од свечени случувања односно се што е поврзано со забава и убав живот. Оние кои не се во состојба да ги имаат овие работи почнуваата да го мразат својот „нормален“ живот , сметајќи го са досаден и монотон. Сето тоа допринесува да престанат да го ценат она што го имаат и тежнеат кон животот кои го имаат они кои ги следат на социјалните мрежи. Но најважното во сево ова е дека не треба да се заборави преубавиот живот на слика не е таков во реалноста.

Нестабилната психичка состојба и желба да се биде подобар од другите не се најдобра комбинација за лице кое има телефон со камера во рака. Кога еднаш ќе се фотографира, тој нема да може да застане додека не научи да прави совршени фотографии на кои, од своја гледна точка, ќе изгледа совршено. Од една страна тоа и не е лошо бидејќи на пример за подобра фотографија ќе влезе во теретана и ќе почне да вежба интензивно. Но од друга страна постојаното самовосхитување може да доведе до ништо друго освен до развој на нарцизам чија основна карактеристика е себичноста и самоцентрираноста.

Немојте да заборавите дека живеете реален живот, а не виртуелен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi