Дали сте забележале дека Кока Кола има различен вкус? Еве зошто е толку вкусно во Мекдоналдс!

22 октомври, 2020
5e45c07e1f68e4cfa396

Ако некогаш сте порачале Кока Кола во Мекдоналдс, тогаш веројатно сте забележале дека има вкус сосема поинаков од оној што можете да го купите во продавницата или да го добиете во кафуле – и не, не сте единствените. Едноставно кажано, ланецот на овие ресторани за брза храна подобро се грижи за вашиот омилен газиран пијалок.

Главната работа е во пакувањето – Кока Кола доаѓа во овие ресторани во контејнери од не’рѓосувачки челик, додека во некои други доаѓа во пластични кеси, пренесува Reader’s Digest.

Имено, по пристигнувањето во ресторанот, газираниот пијалок добро се лади, а потоа, со посебен метод, односно преку голема цевка, се става во апарат од кој подоцна им се сервира на гостите, со цел да се задржи што е можно постудено. Покрај сето тоа, Мекдоналдс користи специјални сламки кои се малку пошироки од вообичаеното, така што газираноста на овој пијалок може да ги погоди сите ваши вкусови.