Да Ви се смачи! Дали знаевте како се прават гумените бонбони?!

11 септември, 2020
gumeni

Тркалезни и сјајни бонбони од желе се толку вкусни и со различен вкус! Но, дали знаевте дека нивната сјајна школка е направена од измет на бубачки Лак?

„Шелак“, позната и како слаткарска глазура, е направен од смола што ја лачи женската буба Лак, од Индија и Тајланд!

Смолата се преработува во снегулки, а потоа се раствора во денатуриран алкохол, со што се добива течен премаз кој потоа се прска врз бонбоните, но се користи и како лак за паркет и мебел!

Овој слој се прска и врз јаболката во продавниците (оние што изгледаат скоро пластични) за да бидат свежи.

Кога ќе наберете свежо јаболко од дрво и ќе го истриете на ткаенината, тоа ќе блесне, но поради природниот заштитен восок што веќе е во лушпата на јаболкото.

Но ако прво измиете такво јаболко, нема да можете да го создадете истиот ефект, бидејќи водата го мие тој природен восок.

Јаболката во супермаркетите мора да се мијат од санитарни причини, а потоа да се попрскаат со фин слој „Шелак“ за да се врати заштитниот слој на лушпата.

Без таа обвивка јаболката многу брзо ќе се расипеше!