Дали знаете како настанал „Оскарот“ и од што е изработен?

21 декември, 2020
ca7e4c13ac587726f714d15119071d11f589fdf0

Златната статуа, висока 34 см и тешка скоро 4 килограми, е дизајнирана од Седрик Гибонс, уметнички директор на компанијата „МГМ“, додека целата е обликувана од Џорџ Стенли, скулптор од Лос Анџелес. Направена е од „британска“ легура, слична на калај, а потоа е обложена со тенок, но издржлив слој од 24-каратно злато со посебен метод на електролиза. Фигурата всушност претставува витез кој потпрен на меч крстоносец, стои на подлога со никел, што симболизира ролна филмска лента.

Оваа награда, инаку официјално наречена „Академска награда за заслуги“, има неколку верзии за тоа како го добила името „Оскар“. За најточна верзија се смета онаа во која секретарката на Академијата, Маргарет Херик, гледајќи ја статуата, коментира дека витезот неодоливо ја потсетува на нејзиниот чичко Оскар. Бидејќи оваа духовита шега им се допадна на водачите на Академијата, името наскоро беше прифатено.

escort - Korsan taksi