Дали знаевте дека и вашиот мобилен телефон ги има овие опции?

6 декември, 2020
b6FL9WzzNV-zavisnosta-od-pametni-telefoni-e-psihijatrisko-poremetuvanje

Не е тајна дека нашиот живот стана многу полесен сега кога имаме мобилен телефон на дофат на рака. Најразличните апликации добро ни доаѓаат во различни ситуации кога времето ни е драгоцено.

Меѓутоа, вашите омилени направи имаат многу функции за кои сигурно не сте слушнале, ниту пак сте ги откриле. Погледнете какви се тајни кријат паметните телефони и како можат да ви станат уште покорисни во иднина.

Брзо полнење

Ако батеријата ви е скоро празна и немате многу време на располагање, најдобрата опција е airplane mode. Батеријата ќе се наполни многу побрзо отколку вообичаено.

Друг начин да го продолжите векот на вашата батерија е да поставите темна позадина бидејќи на тој начин ќе се исклучи автоматското зголемување на пикселите, а батеријата ќе трае подолго.

Бришење на текст во порака

Не, не мора да го држите копчето за бришење цело време за да ја избришете целата порака. Корисниците на iPhone и iPad може да ја користат опцијата snake to undo. Следниот пат кога ќе напишете нешто што сакате да го избришете, само протресете го телефонот и кликнете undo.

Исклучување на pop-up реклами

Досадните реклами кои неочекувано се отвораат во нов прозорец додека ги користиме бесплатните апликации може да се исклучат. Поставете го телефонот на airplane mode и уживајте во омилените апликации.

Зачувајте ја веб страната

Многу често отворање книги или веб страни во пребарувачот кои имаме намера да ги прочитаме отпосле, но тоа не се случува поради лошиот интернет. Отворените страници исчезнуваат, а вашето расположение се намалува.

Имаме добри вести! Корисниците на андроид можат да ја зачуваат било која интернет страница преку опцијата download.

Приспивна музика

На тајмерот на часовникот имате можнсот да одберете кога да запре музиката која сте ја пуштиле така што таа нема да ви смета во сон.