ДОЈДОА НА ЕРОТСКИ МАСКЕНБАЛ, А СИ ОТИДОА ДОМА СО КОРОНА! Десетици заразени на свингерска забава

2 декември, 2020
svingeri1

Од околу 300 луѓе кои присуствуваа на свинг-забавата во Њу Орлеанс, кај повеќе од седум беше потврден вирус.

Десетици луѓе кои присуствуваа на свингерска забава во Њу Орлеанс во ноември се заразија со корона вирусот, рече организаторот, објаснувајќи дека тој „немаше да го организира овој настан“, ако знаеше дека така ќе заврши.

Од 300 лица кои присуствуваа на петдневната забава што започна на 10 ноември, 41 лице беше позитивно на ковид-19, напиша во својот блог организаторот на забавата „Непослушен во Невлинс“, Боб Ханафорд, додавајќи дека постои можност многу повеќе лица да се заразени отколку што е потврдено досега.

„Ние немаме идеја колку луѓе биле тестирани по нашиот настан, или дали некој бил позитивен и не ни кажал. Исто така е можно дека станува збор за луѓе кои биле позитивни и немале никакви симптоми, па затоа никогаш не биле тестирани“.

Иако повеќето заразени свингери немале никакви симптоми или барем поблага клиничка слика, еден од нив бил хоспитализиран со многу сериозна состојба.

Ханафорд исто така наведува дека се преземени сите мерки за превенција, се мери температурата, се инсистира на растојание и се воведува друга посебна мерка.

Присутните носеа нараквици во различни бои за да покажат кој има антитела на ковид-19, додека другите бои ги носеа оние за кои беше потврдено дека се негативни на корона, со тест од „посвеж датум“.

Овогодинешниот настан беше посветен на промовирање на моногамијата како еден од начините да се заштити од коронавирусот, но вообичаените активности како што се часови за камшикување и еротски маскенбал не изостанаа… „Маските се нови кондоми“, беше нивниот слоган, но тоа не помогна . Короната најде начин да интервенира.