Еден од омилените цртани филмови крие тајна: Еве што симболизираат неговите јунаци

31 октомври, 2020
spongebob


Американската анимирана серија SpongeBob SquarePants ја имаше својата прва премиера на 1 мај 1999 година.

Интересен факт е дека зад сите, така да се каже, главни ликови, стои еден смртен грев. Секој во целата своја баналност и претерување го претставува веродостојно благодарение на смешните сцени во секоја епизода. Убедливо омилен, но и на долг рок, иритирачкиот карактер Дунгерот Боб е бенигно прикажан во светлината на разврат. Разврат е често поврзана со сексуална желба и сексуален чин, иако во случајот на Сунгерот Боб не е така.Тој се стреми да ги придобие сите, да им покаже и докаже на сите.

Еве што претставуваат некои од останатите карактери од овој цртан филм :


Патрик – мрзеливост

Најдобриот пријател на Сунгер Боб, Патрик, е вистинското олицетворение на човечката мрзеливост! Во една епизода, тој дури доби и награда за тоа што не направи апсолутно ништо најдолго. Тој, како што сите знаете, живее под карпа во која има само фотелја и телевизор. Дури и неговата куќа го покажува неговиот недостаток на интерес да напредува во животот.


Лигњослав – гнев

Класичен нихилист, полн со огорченост кон сè што се движи на морското дно. Лигњослав не може да издржи никого околу себе, со презир гледа на сите, тој е незадоволен од својот живот и го мрази секој што ќе му го наруши мирот.

Кеба крабата – алчност

Евгеније Крабата е навистина најимпресивниот приказ на скржавец. Неговата скржавост избива во секој момент и на сите врати; дури и тој самиот не се срами да го покаже тоа. Неговата алчност за секој денар се претвори во лудило, каде што тој е во состојба да продаде сè, образ, па и семејство за еден денар.


Гери – ненаситност

Гери е едно навистина интересно милениче. Освен мјаукање, иако е полжав, тој сака да чита и поезија кога неговиот сопственик не е дома. Заслужен е за ненаситност затоа што, скоро во секоја епизода, тој џвака нешто.

Gary The Snail, Spongebob | Spongebob drawings, Spongebob painting,  Spongebob wallpaper
escort - Korsan taksi