Една мајка се шокирала кога видела што напишал нејзиниот син за неа, а луѓето на социјалните мрежи умираат од смеа

24 декември, 2020
c9935b18-0eba-4240-88a4-018456fb9e09

Децата се познати по тоа што понекогаш малку ја искривуваат вистината и ја користат својата бујна фантазија за да ја доловат сопствената верзија на настаните.

Но, една мајка беше особено шокирана кога го виде одговорот на нејзиниот осумгодишен син на прашање од домашната задача. Имено, во задачата зборот снешко е напишан со големи букви, а децата мораа да ја користат секоја од овие букви како почеток на реченица што ја смислиле.

Додека момчето ги користело повеќето букви за да опише „прекрасна зима“ и „убави џуџиња“, буквата М го инспирирала да напише „мама е пијана“.

Иако тогаш не ѝ беше смешно, кога ја виде домашната задача, сега, една година подоцна, целата приказна ѝ е смешна, па затоа реши да ја сподели во facebook групата Family Lockdown Tips & Ideas, пренесува The Sun.

„Само да истакнам дека не сум секогаш пијана“, се пошегува мајката во описот на фотографијата.

„Каква легенда“ и „Урнебесно“, се само некои од коментарите на другите родители, а имаше и такви кои ги споделија своите слични приказни.

“Деца! Син ми еднаш напиша песна за мене на училиште, за тоа како имам влакнести зашилени нозе и пијам џин! Бев огорчена! Среќа што наставничјата сметаше дека е комично! Јас дури и не пијам џин!”, Напиша една мајка.

escort - Korsan taksi