ЕФЕКТИВЕН МЕТОД ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТЕЛОТО: Како масажата со змијии стана хит во спа-центрите?

18 декември, 2020
zmije

Офидиофобијата е страв од змии и една од најчестите фобии ширум Светот, од која страда скоро секоја трета личност. Ова, сепак, не беше пречка за еден салон во Египет да вклучи масажа со змии во својата понуда.

Сопственикот на спа центар во Наср, Египет, неодамна воведе масажа со змии меѓу услугите што ги нуди салонот за убавина во рамките на комплексот.

Физиотерапевтот Сафват Судки користи не-отровни змии со различна големина за овој третман за релаксација.

Судки тврди дека змиите вршат притисок врз телото, што ја враќа „силата и виталноста“.

– Масажата со змии има неколку придобивки, вклучително и стимулирање на нервите кои активираат ендорфин, но и допамин, кои се познати и како хормони на среќа – рече физиотерапевтот.

Тој додава дека резултатите од оваа масажа се подобрување на протокот на крв во телото, отстранување на напнатоста и вознемиреноста и враќање на самодовербата.

escort - Korsan taksi