Емотивно писмо до Дедо Мраз на 8 годишно девојче го расплака светот: Само сакам светот да се врати на старо…

28 ноември, 2020
235455_profimedia0403234427_ls


Короната го запре светот, крајот за жал сè уште не е на повидок, а колку далеку отиде сè, покажува потегот на едно мало девојче од Австралија кое има само една желба за новогодишните и божиќните празници. Имено, Саманта Дикен, мајка на осумгодишно девојче, пронашла писмо до Дедо Мраз што нејзината ќерка го напишала во нејзината соба, пишува The Sun. Таа го објави во групата „Семејни совети и идеи“, а поделбата стана вирална.

“Почитуван Дедо Мраз, оваа година за Божиќ само сакам светот да се врати на стариот пат. Не знам дали можеш да го исполниш, но ако може ќе беше убаво. Не ми пречи ако не добијам подароци, имам се што ми треба. Ти благодарам “, гласеше писмото.

Допрена од желбата на нејзината ќерка, таа ги праша другите родители како пандемијата на коронарниот вирус влијае на нивните деца.

„Само Дедо Мраз би можел да ја исполни нејзината желба“, додаде Саманта, по што корисниците на оваа група напишаа дека тие исто така биле тажни од ова писмо, па дури и пуштиле солза. „Колку е несебична“, заклучи една личност.