Еве зошто ќесичката со чипс никогаш не е полна

7 јуни, 2020
316504_chips-476359-1920_f

Без разлика од каде ќе ја купите или од кој бренд е, ќесичката чипс секогаш ќе биде до половина полна.

Тоа е неретко разочарување, а некои тврдат дека одредени брендови „крадат“ и ни го скратуваат уживањето. Но тоа не е вистина. А еве која е причината за полупразните ќесички.

Идејата е дека во празниот дел со воздух има азот, а тој го чува чипсот да не се раздроби при транспорт. Доколку го нема азотот големи се шансите кога ќе купиме чипс тој да биде целосно издробен. Уште една позитивна работа е тоа што азотот го чува чипсот свеж, а при тоа не е штетен за нас бидејќи се состои од 78 % воздух, истиот кој го дишеме.