Глава, стомак, висина… Делови од телото кои откриваат колку сте паметни – или можеби не сте

7 октомври, 2020
zena-naocale

Вашиот мозок не е единствениот дел од вашето тело што открива колку сте паметни.

Дали мислите дека сте попаметни затоа што пишувате со десната рака? Тоа не е сосема точно… Кои се тие четири делови од телото што ја откриваат вашата натпросечна интелигенција?

ДОЛГИ НОЗЕ

Една студија спроведена на Универзитетот Браун и Принстон била воодушевена од резултатот, во кој се вели дека високите луѓе можат да заработат повеќе во животот отколку ниските колеги затоа што се попаметни. Авторите користеле податоци од раѓањето на една личност до денес – за висината, тежината, интелигенцијата, образованието и платите на луѓето родени во Америка или Англија помеѓу 1958 и 1970 година.

Резултатите од оваа анализа покажаа дека луѓето кои биле високи како деца дале многу подобро на когнитивните тестови. Покрај тоа, тие се почесто на позиции кои се подобро платени и бараат од вработените да имаат повисока интелигенција и високо развиени вербални и нумерички вештини.

Можеби мислите дека на сите им е сè јасно, но научниците сè уште не се целосно сигурни како оваа врска функционира на човечкиот ум, но тие претпоставуваат дека генетиката или соодветната грижа во младоста од страна на родителите може да играат голема улога во развојот на мозокот.

ВАШАТА ЛЕВА РАКА Е ДОМИНАНТНА

Ако левата рака е доминантна, тоа не значи автоматски дека сте генијалец, но можно е да имате некои предности. Всушност, се чини дека леваците ќе имаат поголема корист од когнитивните способности отколку десничарите.

Една мала студија беше спроведена во Атина, над 100 студенти, каде половина од испитаниците беа десничари, а половина леваците и се состоеше од два когнитивни теста.

Едниот бараше од испитаниците да направат патека на насликаните кругови што побрзо, а другиот се состоеше од низи со букви и броеви. И на двата теста леваците постигнаа подобри резултати, што укажува на тоа дека имаат подобра работна меморија и ментална флексибилност.

Некои експерти веруваат дека овие когнитивни способности се присутни затоа што леваците можат многу полесно да ги користат и десната и левата страна на мозокот за обработка на информации, пишува Ординација.хр.

ГОЛЕМ СТОМАК

Голем процент на маснотии во абдоминалната област сигурно ќе влијае негативно на скоро сите аспекти на здравјето – од висок крвен притисок до здравјето на срцето, но и на когнитивните функции.

Во петгодишно истражување, 2.200 луѓе биле следени од научници, а сите испитаници кои имале индекс на телесна маса од 20 или помалку, биле во можност да потсетат на 56 проценти од зборовите во тестот за вокабулар, додека оние кои биле дебели, се сеќавале на 44 проценти.

Дополнително, по пет години, овие лица се сетија на само 37,5 проценти кога повторно беа повикани на тестирање. Д-р Максим Курнот, авторот на студијата, смета дека хормоните кај овие луѓе исто така можат да влијаат на оштетувањето на клетките во мозокот.

„Бидејќи се знае дека дебелината е опасност за кардиоваскуларното здравје, затоа што влијае и на формирање на плаки во крвните садови, истото може да се случи и со артериите во мозокот“, додава тој.

ГОЛЕМА ГЛАВА

Никој не сака да биде опишан на тој начин, но вистината е дека поради големата глава можете да бидете попаметни. Резултатите од студијата беа објавени во списанието Молекуларна психијатрија и проучија 500 000 луѓе, во форма на когнитивни и физички проценки, како и резултати на крв, плунка и урина кај секоја индивидуа.

Резултатите наведуваат дека оние луѓе кои имале голема глава како деца постигнуваат подобри резултати на вербално-нумерички тестови, а има поголеми шанси овие луѓе да добијат и универзитетско образование.

Научниците сметаат дека е потребно многу повеќе истражувања за поточни резултати со цел малку подобро да се проучи генетскиот механизам и да се поврзе со овие и слични резултати.

escort - Korsan taksi