Годишното време во кое сте родени многу влијае на личноста и карактерот

8 ноември, 2020
4-godisnja-doba-830x0


Дури и ако не верувате во астрологија, неодамнешното истражување на Универзитетот во Будимпешта, претставено на Европскиот колеџ за невропсихофармакологија, ја потврдува врската помеѓу сезоната кога се родила индивидуа и карактерот на една личност, благодарение на биолошкиот часовник и количината на дневна светлина при раѓањето.

Родени во пролет

Луѓето родени во пролет обично се многу позитивни. Затоа, пролетните бебиња честопати покажуваат оптимизам, лесно го изразуваат својот ентузијазам и се многу креативни како деца. Тие не се премногу склони кон депресија и често имаат некаков уметнички талент.

Родени во лето

Луѓето родени во летните месеци се склони кон чести промени на расположението, кои за возврат не мора да бидат предизвикани од нешто специфично. Исто така, тие се повеќе склони кон нервоза отколку луѓето родени во други сезони, но исто така многу лесно се вљубуваат. Тие почесто ја менуваат работата и се повеќе склони кон конфликти.

Родени во есен


И покрај дождовите, паѓањето лисја и исушената природа, луѓето родени во есен се најмалку склони кон депресија. Иако не им се припишува премногу позитивен, туку рационален и приземен карактер, есенските деца имаат најмал ризик од развој на ментални нарушувања. Исто така, тие се прилично физички активни, пишува „24 часа“.

Родени во зима

Луѓето родени во зима се емотивно најстабилни, односно најотпорни на емоционален стрес, сметаат унгарските истражувачи. Тие веруваат дека тоа се должи на големата количина на сончева светлина што ја „апсорбирале“ за време на бременоста на мајката. Тие се водени од разум, а не од чувства, тие се многу доследни и обично ги постигнуваат своите цели.

escort - Korsan taksi