4 август, 2020

Можеби нема да можете да ги исправите грешките во овој живот, но откријте каква лекција ви оставила минатиот живот. На овните им е потребна верба во себе,  а девиците имаат право на избор.

Овен

Во претходните животи, вие бевте емоционално неодлучни и зависни од другите, така што сега е многу важно за вас да преземете иницијатива во емотивниот живот, да инсистирате за вашите потреби и желби, за да го пронајдете изгубениот идентитет. Не од друга страна немојте да одите во друга крајност, прекумерна независност, што може да се претвори во егоизам. Упорноста и вербата во себеси е она што ви треба најмногу.

Бик

Минатите животи што стојат зад вас биле емотивно нестабилни и жестоки. Наидовте на бездната на страдање, страв и големи страсти. Сегашниот живот ви е даден како можност да се стабилизирате и да се вратите на земја. Стабилноста, издржливоста и спојот на работата со праксата се од најголемо значење за вас сега. Време е да дозволите вашето духовно битие да се манифестира преку работата, за да може да созрее и да научи она што не го научил во минатите животи.

Близнаци

Проблемите во минатиот живот за вас беа проблеми кои се јавија како резултат на лошата комуникација со другите луѓе. Овој живот е можност за вас да видите колку е важно да го кажете она што го чувствувате. Исправете ги пропуштените можности за да постигнете емоционално разбирање и хармонија. Посесивноста, оддалечувањето од другите луѓе и повлекувањето во свој свет сега треба да се надминат со нов модел на емоционална реакција и правилна комуникација.

Рак

Во овој живот учите да бидете приврзани и стабилни, да ја трансформирате површноста и неизвесноста на минатиот живот во цврстина и поддршка, како за другите така и за самите себе. Без оглед како и делувате однадвор, вашата внатрешна природа е мека, како школка. Бројни лекции од овој живот ве учат правилно да ги разбирате семејните односи и затоа родителите и децата се многу важни за вас. Но, не заборавајте за себе!

Лав

Во минатите инкарнации научивте да сакате непристрасно, да не ги делите луѓето, но сега мора да научите да ја канализирате вашата емоционална енергија и сила кон одредени луѓе и области од животот што се важни за вас. Имате речиси детска способност да доживеете среќа во ситуации кога другите ве фалат и кога сте во центарот на вниманието. Но, немојте да бидете гневни кога не ви посветуваат доволно внимание. Вашата лекција која треба да ја научите во овој живот самодовербата и почитувањето на себеси.

Девица

Овој живот ве учи да имате право да изберете што она што ве задоволува, како и да ги градите емоциите постепено. Мора да научите да не се потпирате на другите, туку само на самите себе, а тоа ќе се случи кога целосно ќе научите да се прифатите себе си со сите свои недостатоци и доблести. Чувствата на вина ве следат од минатите животи. Ослободете се од тоа што е можно поскоро. Сè уште се грижите за другите луѓе, нивната судбина и како можете да им помогнете.

Вага

Во минатите животи сте имале проблеми во односите со другите, како и со спротивниот пол, па дури и во денешниот живот може да имате страв од луѓе, кои се длабоко скриени и репресионирани, аверзија кон групна работа и недоверба. За да ја поправите оваа грешка, овој живот ќе ви понуди бројни љубовни партнери и голем круг пријатели, со цел да научите да развивате хармонија со другите луѓе.

Скорпија

Добивте голем емотивен и интуитивен увид во суштината на животот. Интуицијата ви дава чувство за задачата пред вас и патоказ на која патека треба да одите, како и елемент на предизвик, неопходен за започнување на некоја патека. Ирационалните стравови од минатиот живот се стравувања од болка и страдање, како и губење на најблиските, така што во овој живот можете да одите во другата крајност, до посесивност кон блиските пријатели и партнерот, понекогаш несвесно, во обид да ги задржите за се.е

Стрелец

Влеговте во сегашниот живот да ги скршите вашите предрасуди и да научите да бидете флексибилни и да ја пронајдете својата слобода во таа новооткриена страна на вашата личност. Прекинувањето на сите видови предрасуди и ширењето толеранција е нешто што е одредница на вашиот живот, така што животот ќе ве одведе во таа насока. Тоа е причината зошто патувањето, запознавањето со различните култури и моделите на однесување и верувања се важни за вас.

Јарец

Досегашните животни искуства ве ставаа во судир со властите, па го имате во себе стравот дека другите ќе ве контролираат или на некој начин ги искористат вашите слабости и приврзаност кон нив. Во сегашниот живот, научете да си бидете авторитет на себе и да бидете одговорни за своите емоции. Овој живот е живот на стабилизирање и разбирање на вистината на животот дека за да се биде одговорен и дисциплиниран не значи да се биде ладен и дистанциран.

Водолија

Оваа позиција укажува на минати животи во кои имало многу љубомора и посесивност на емотивно ниво. Предизвикот на сегашниот живот е ослободување од љубомора, посесивност и желбата да ги контролираме оние кои ги сакаме. Треба да си дадете слобода на себе,а и на другите. Ваша задача е да развивате пријателски односи со сите, како и хуманоста, дарежливоста и толеранцијата.

Риби

Во изминатиот живот, не знаевте да ги цените вистинските емоции доволно и немавте време да им се препуштите. Преку овој исклучително интуитивен знак, сегашниот живот ви нуди можност да „загризете до дното“ и да научите да се препуштите на емоциите. Вие сте тука за да научите дека сите ние сме дел од едно и со помош на тоа знаење ќе го комплетирате циклусот на емотивно отворање што започна пред повеќе од еден живот.

Остави коментар

Почетна // Free Time // Хороскоп за минатиот живот – Девиците имаат грижа на совест, вагите чувствуваат страв од другите…
Горе