Идеална ароматерапија за сите ваши сетила: Домот ќе замириса веднаш

31 декември, 2020
stock-photo-christmas-spice-potpourri-in-a-basket-on-old-weathered-wood-541880281_1000x0


Идеална ароматерапија за телото и нашите сетила, а можете да направите сами за помалку од една минута! Потпурите се мешавина од исушени билки кои служат и како украс и како начин да го освежите домот со нежни мириси. Во половина литар вода, варете на тивок оган три стапчиња цимет, парчиња портокал, две лажички морско оревче и каранфилче, чаша брусница и гранче рузмарин. Гответе на тивок оган, оставете да се излади.