“Имам коса долга 1,5 m и ја мијам три пати неделно”

22 јуни, 20200
Annotation 2020-06-22 160237

Кога Малгорзата Кулцик ќе посака да се опушти, таа само ја пушта својата коса со должина од метар ипол. Вели дека ја мие три пати неделно и дека за ваквата фризура и треба многу трпение.

Нејзината коса е скоро подолга отколку што Малгорзата е висока и луѓето не и веруваат дека е природна. Оваа 34-годишничка која живее во Лондон почнала да ја пушта косата кога била девојче, а последен пат се шишала пред пет години.

Природната русокоса сама го прави црвенкастиот прелив од мешавина на масла кој го нанесува половина час пред миење на косата.

“Мажите не веруваат дека е природна. Велат дека е убава, импресивна и женствена. Некои дури и се заљубуваат во мене поради косата, но луѓето умеат да бидат и љубоморни”, вели Кулцик.  

Малгорзата е родена во Полска и сликите од својата коса почнала да ги објавува на инстаграм пред четири години. Како што кажува, трпението е најважно за да успеете.

“Водете сметка за телото, хранете се здраво, бидете хидрирани, вежбајте и избегнувајте го стресот. Мојата коса не влијае многу на мојот живот. Сонцето природно ја осветлува. Ја мијам три пати неделно и секој ден правам поинаква фризура – репче, плетенки или пунџа. Користам природни производи – обожавам се што има кокосово масло”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi