Иван сакаше да ѝ се одмазди на неверната девојка: Три и пол милиони луѓе со неверување го погледнаа видеото

4 октомври, 2020
ivanova-osveta-830x0

„Јас гоплатив, јас ќе го уништам!“

Видеото во кое младо момче го уништува паркетот со бушалка откако девојката го изневерила за кратко време стана вирално на ТикТок – го погледнаа скоро три и пол милиони луѓе.

Иван Сервантес (21) од американската држава Арканзас се огорчил кога дознал дека девојката го изневерила, па решил да ѝ се одмазди. Не размислуваше многу за тоа како да „ ѝ врати мило за драго“ – зеде бушалка и ја искористи за да го уништи подот во куќата во која живее „неверникот“.

Својата постапка ја оправда не само со повредената машка суета, туку и со фактот дека дал 2.000 долари за неговата сега веќе поранешна девојка да го има посакуваниот под. Покрај тоа, објасни Иван, не само што плати за подот – тој исто така го намести, па логично беше по раскинувањето да ги уништи сите траги од неговото присуство во животот на поранешната девојка.

По објавувањето на видеото, Иван доби многу коментари. Некои следбеници го поддржуваа, пишувајќи дека „неверничката го заслужува тоа“, некои го осудија, а некои го замолија да ја објави нејзината реакција на хаосот што го најде кога се врати дома.

Иван наскоро објави видео во кое сними како девојкатс „грми“ на него:

– Што најдов кога се вратив дома? Целиот под го нема! Дали си сериозен? Тоа е толку детско! Толку ситно. Кои се причините?! Не е ни чудо што те изневерив. Мене ми треба маж! Можеби не можеш да бидеш тоа затоа што немаш татко, ниту тој те сакаше тебе! Ти нема да постигнеш ништо во животот затоа што си толку детинест!