КАДЕ ЌЕ ВЕ БАКНЕ ОТКРИВА ШТО ТОЈ ЧУВСТВУВА ЗА ВАС! Обрнете внимание на ОВА и дознајте дали тој ве сака!

1 ноември, 2020
насловна кис

Делата зборуваат погласно од зборовите, а истото важи и за бакнежот – еве што крие „значењето на бакнежот“ од начинот и местото каде ве бакнува! Еве што значи неговиот бакнеж, во зависност од тоа дали ве бакнува на челото, вратот или усните…

Бакнеж на усните

Брз бакнеж на усните, е начин на кој мажот ја сака својата партнерка, па со тоа сака да каже „здраво“ или „да се видиме подоцна“. Ако тој ве бакнува вака и дома, кога никој не ве гледа, тоа значи дека тој многу ве цени и дека сте станале составен дел од неговиот живот. Ако вака ве бакнува на јавно место, тоа значи дека веројатно сака нешто посериозно со вас.

Бакнежот во челото
Бакнежот во чело вели дека тој се грижи за вас, и сака да ве заштити. Со бакнеж во чело, мажот ви покажува дека се грижи за вас, и дека многу му значите ..

Бакнување рака
Овој бакнеж е начинот на кој вашиот маж флертува. Покрај тоа, ако маж ви ја бакне раката, тоа покажува дека има самодоверба, но и дека сака да привлекува внимание – затоа што е баш невообичаено да бакнувате нечија рака, ако не сте член на кралското семејство. Бакнувањето рака може да значи и дека тој повеќе сака да направи „шоу“ за луѓето околу вас, затоа обрнете внимание на неговото однесување.

Бакнеж во внатрешноста на зглобот
Овој вид бакнеж е многу страствен и значи дека веројатно ќе ве одвлече во кревет веднаш, но го спречува фактот дека можеби не сте сами.

Бакнеж на вратот

Со овој бакнеж, мажот ви покажува дека има силни чувства кон вас, но исто така е одличен начин да ви каже дека ве сака, без ниту еден изговорен збор.

Француски бакнеж

Ако тој ве бакнува вака, тоа значи дека сте го маѓепсале целосно. Францускиот бакнеж најчесто се поврзува со тинејџерство и долго бакнување, но тој всушност е одличен начин за вашиот партнер да ви покаже колку сте му привлечна.

Бакнеж во образ

Во ред е ако вашиот партнер ве бакнува во образ понекогаш, но ако ве бакнува постојано, веројатно веќе не е премногу заљубен во вас. Ако тоа е човекот што го сакате, и тој постојано ве бакнува во образ, тоа е скоро исто како да се ракувате. Тој ви покажува на овој начин дека се грижи за вас, но не на тој романтичниот начин и ви кажува дека веќе не го привлекувате како жена.

Бакнеж до окото

Можеби ваквиот бакнеж ви изгледа чуден и невообичаен, но открива дека тој навистина ве цени. Со овој гест, мажот покажува чиста љубов.

Бакнеж на стомак

Ако вашиот партнер ви го бакне стомакот, тоа значи дека тој е целосно опуштен со вас и дека чувствува дека сте сосема природни и опуштени во неговото присуство. Бидејќи не секој си го сака стомакот, фактот дека вашиот партнер ви го бакнува стомакот е начин да ви се заблагодари што сте дозволиле да бидете ранливи пред него.

escort - Korsan taksi