Како маските за лице влијаат врз нашата комуникација?

23 јуни, 20200
FREE E

Денеска во многу земји во светот носењето на маски на јавни простори е задолжително.

Во големите азиски земји носењето на маски како заштита од загадување или настинки е норма уште од пред почетокот на пандемијата.

Но во земјите каде оваа пракса е наметната од поново време, носењето на маски претствува мачење заради тоа што нешто мора да го прекрива лицето.

“Дишењето со маска е тешко” и „Не можам убаво да зборувам зашто зборовите ми звучат пригушено” се само дел од честите поплаки.

Велот како лекција

Доброволните организации предупредиле дека членовите на немите заедници и оние со оштетен слух може да имаат проблеми доколку носењето на маски стане постојано и широко распространето.

Но милиони жени ширум светот носат секојдневно велови, па немаат голем проблем во комуникацијата.

Маската за лице се носи од здравствени причини. Велот, или бурката се носи од културолошки или верски причини.

Уште од најраните денови луѓето се прилагодиле на читање на фацијалните експресии на другите. Оваа вештина веројатно донела еволутивен прогрес. За тоа пишувал и самиот Чарлс Дарвин во својата книга од 1872 година “Истражување на емоциите кај човекот и животните”

Важноста на лицето и устата во невербалната комуникација

Кога е во прашање проучување на лицето, очите и устата се најинформативниот дел зашто се најекспресивни.

Ние потсвесно ги анализираме нивните движења за да сфатиме што се обидува некој да ни каже.

Криењето на тој дел може да биде проблематичен кога сакате да се претставите како некој кој е достапен и пријателски настроен.

Кога насмевката може да доведе до заблуда

Не мораме да бидеме радосни за да се смееме, а не се смееме секогаш кога сме радосни.

Постојат 19 различни типови на насмевки од кои само шест се врзуваат за чувство на радост и задоволство. Останатите ги користиме кога се плашиме, кога ни е непријатно и кога нешто не боли.

Еден корисен совет

Како продолжува пандемијата, малку е веројатно дека во догледно време ќе се решиме од маските за лице.

Имајќи го предвид овој факт, сите ќе мораме да се прилагодиме. Доколку имате проблем, применете ги овие совети:

– Комуницирајте нагласено – користете повеќе зборови од вообичаено, поставувајте повеќе прашања за да се осигурате дека правилно ги сфаќате емоциите на другите лица.

– Научете и како да ги користите другите сетила и говорот на телото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi