Како влијаат боите на нашата психа и кое е нивното значење

31 декември, 2020
boje-830x0

Иако не го гледаме, сончевите зраци испуштаат цела низа бои – од црвена, портокалова, жолта, до сина, зелена, индиго и виолетова. Боите што се забележуваат припаѓаат на видливиот дел од спектарот, а нивната енергија влијае на целокупното здравје на една личност, како и на флората и фауната. Терапија со боја, или хромотерапија, се користела во антички Египет и Грција. Питагора користел терапија со бои пред 2.500 години, а денес бојата се повеќе се користи во медицината.

Црвена

Најемотивно-интензивната боја, црвената стимулира побрзо срцебиење и дишење. Исто така, таа е боја на љубовта. Затоа што е екстремна боја, црвената боја може да не помогне при преговори и конфронтирања. Нејзиниот ефект е физички, не стимулира и го зголемува пулсот, давајќи впечаток дека времето минува побрзо одошто е. Се поврзува со машкиот принцип и може да го активира инстинктот „борба или бегство“.

Жар црвена

Црвената боја може да го крене нивото на енергија во просторијата. Таа е одлична боја за дневна соба или трепезарија затоа што ќе ги собере луѓето заедно да започнат разговор. Црвената е позната по тоа дека го стимулира апетитот! Може да биде одлична и на влезот затоа што креира силен прв впечаток.

Сина

Психолошките ефекти на сината боја се веројатно универзални. Скоро секој ужива да гледа во сино небо и кон море или езеро затоа што има нешто смирувачко во пространството на синилото. Како да го ослободува умот… Сината е боја на умот, не е ни чудно што е толку доминантна боја во бизнисот. Сината исто така може да биде студена и депресивна. Модните консултанти препорачуваат да се носи сино на интервју за работа затоа што симболизира лојалност. Луѓето се попродуктивни во сина соба. Според истражувањата сината е најомилена боја во светот. Сепак, може да биде сфатена како ладна, неемотивна и непријателска. Одбегнете да ја користете во дневна соба, кујна или други соби каде што претендирате да бидете поактивни.

Црна

Црната значи моќ и авторитет, таа претставува знаење и интелигенција. Таа е најпопуларната боја во модната индустрија заради нејзината асоцијација на стил и прави луѓето што ја носат да изгледаат послаби. Црната облека може да биде премногу моќна или да направи оној што ја носи да изгледа непријатен или злобен. Таа креира заштитни бариери, па како што ја апсорбира сета енергија која доаѓа на кај Вас ја обзема личноста. Црната е всушност отсуство на светлина и може да делува заканувачки. Позитивното е тоа што таа комуницира со апсолутна јасност, без фини нијанси.

Жолта 

Сте се запрашале ли некогаш зошто Смајли е жолто? Причината е затоа што жолтата помага да се ослободи Серотонинот во мозокот, хормонот кој е одговорен за среќата. Користете ја да си ја зголемите самодовербата  и оптимизмот – и секако, за да додадете малку сончева живост во себе. Додека се смета за боја на оптимизмот, луѓето почесто излегуваат од колосек во самоконтролата во жолти соби. Жолтата исто така го активира делот од мозокот одговорен за анксиозноста и така може да иницира плачење кај бебиња и да предизвика кавга. Таа е најтешката боја за окото да ја прими, па така може да биде надмоќна ако е користена во поголема количина.

Портокалова

Бидејќи е комбинација од црвена и жолта, портокаловата боја стимулира и реакцијата на тоа е комбинација од физичкото и емотивното. Ако Вашиот инстинкт има боја, би била портокалова. Истражувањата покажале дека портокаловата ја зголемува концентрацијата и го буди мозокот и нервниот систем. Како црвената, кога влегувате во портокалова соба веднаш чувствувате повишување на нивото на енергијата со која вибрирате. Сепак, премногу портокалова може да предизвика умор. Таа исто така е корисна за забрзување на метаболизмот и е честа боја во исхраната. Додадете портогалова белегзија или колан за да станете поразиграни и зрачете поубаво додека сте во канцеларија со што работата во канцелариј ќе Ви стане забавна.

Розова

Розовата е доминантна боја, психолошки гледано. Таа го претставува женскиот принцип и преживувањето на видот, таа негува и физички смирува. Дури и ако личноста се обиде да биде лута или агресивна во присуство на розова боја, не може. Срцевите мускули не можат да реагираат доволно брзо. Таа е корисна за намалување на лутината и анксиозноста. Сепак, премногу розово е физички исцрпувачко и може да ја слабее личноста.

Зелена

Моментално најпопуларната боја за декорирање, зелената симболизира природа. Зелената е најлесната боја за окото, затоа што таа не бара негово приспособување и може да го намали уморот, што ја прави боја на одморот и релаксацијата. Истражувачите докажале дека бојата ја подобрува визијата. Ова може да е причината зошто училишните табли се во зелена боја. Чистите зелени тонови се свежи и вибрирачки додека маслинестите и матирани тонови може да бидат депримирачки. Пастелните зелени може да релаксираат и светлите жолто-зелени тонови може да бидат енергични, но и предоминантни.

Светло кафеава (боја на срна)

Оваа боја се смета дека го намалува крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Затоа се смета за смирувачка, релаксирачка испокојна и често се препорачува за спални соби и бањи. Сепак, смирувачкиот ефект на бежовата соба може да направи да се чувствувате неактивен или дури и депресивен, па добра идеја е да ја комбинирате со посветли тонови.

Виолетова

Најкратката бранова должина е виолетова, често опишувана како пурпурна. Таа ја носи свесноста на мислите на повисоко ниво, дури во паралели со духовни вредности. Да се биде последната видлива боја пред ултра виолетовото зрачење, значи дека има прилагодување и врска со времето, просорот и космосот. Кралска боја, пурпурната асоцира на луксуз, богатство и софистицираност. Исто така таа е женска и романтична. Сепак, затоа што е ретка во природата, може да изгледа вештачка. Таа поттикнува интроспекција и длабоки размислувања или медитација. Пурпурната во нејзините најтемни тонови е богата, драматична и софистицирана и дава длабочина.

Бела

Белата е популарна во декорирањето и во модата, бидејќи е светла, неутрална и оди со сѐ. Исто како што црната е тотална апсорпција, белата е тотална рефлексија. Кога е во сила, таа ја рефлектира целосната сила на спектарот во нашето око. Така, исто креира бариери, но различно од црнатаи често е напорно да се гледа во неа. Бебешките производи се обично бели за да ја симболизираат чистината и невиноста. Белата ја користат медицинските лица за да покажат стерилност. Едно истражување покажало дека луѓето што имаат тремор на рацете, не се треселе многу во бели соби, што покажува дека белата боја има смирувачки ефект.

Кафеава

Кафеавата обично се состои од црвена и жолта, со голем процент на црна. Последователно, има слична сериозност како и црната, но е потопла и помека. Природата е полна со кафеава боја, во поголем дел од светот, кафеавата е боја на земјата, и повеќето растенија имаат барем малку кафеаво во нив. Заради ова психолошкиот ефект на кафеавата боја често е опишан како смирувачки, сигурен, стабилен. Сепак, кафеавата може да биде меланхолична. Психолошкиот ефект на кафеавата боја зависи и од мешавината на бои со кои таа е направена.

Сива

Сивата боја е неемотивна боја. Таа еодвоена, неутрална, непристрасна, неодлучна, оградувач. Многу луѓе мислат дека сивата е „безбедна“ боја, но ова не е воопшто точно. Ако сакате да креирате смирена атмосфера и доверба тогаш таа е бојата што Ви е потребна. За сивата да го има овој психолошки ефект, добро е да се комбинира со бела или други  неутрални нијанси. Сепак, преголема употреба на сива обично е индикатор за недоволно самодоверба или страв од покажување. Отсуството на бои е депресивно и кога светот станува сив ние сме условени да се повлечеме и да се подготвиме за хибернација.

escort - Korsan taksi