Како влијаеше пандемијата на одлуката на родителите за проширување на семејството

20 декември, 2020
1595340665668-trudnica-trudna-zena-2-830x0


Истражувањето на форумот „Мамснет“, кое ги испитало жените во Велика Британија, покажува дека една третина од бремените жени во моментов велат дека пандемијата имала улога во нивната одлука да го прошират своето семејство.

Околу 30 проценти од жените изјавиле дека пандемијата им дава повеќе време дома со нивниот партнер, додека 30 проценти рекле дека ситуацијата оваа година ги поттикнала да размислат што е важно за нив. Останатите 33 проценти од бремените жени изјавија дека оваа трагична година ги научи да не ги одложуваат важните одлуки.


– По страшната година што ја имаа сите, убаво е да се знае дека следната ќе биде многу среќна за многу нови родители – изјави Џасти Роберст, основачот на форумот. Сепак, други истражувања откриле дека може да се случи токму спротивното.

Истражувачите во Италија рекоа дека финансискиот товар што го создаде пандемијата за семејствата може да доведе до откажување на родителите од проширување на семејството. Затворањето на училиштето и стравот од одење во родилиште исто така може да бидат друга причина зошто родителите одлучуваат против друго дете, тврди истражувањето. – Чести се тврдењата дека пандемијата ќе резултира со бум на бебиња. За паровите се вели дека поминуваат повеќе време едни со други, со што е поголема веројатноста да имаат дете, велат истражувачите од универзитетот Брокони во Милано.

Во САД, стапката на наталитет го достигна најниското ниво во последните 35 години.

escort - Korsan taksi