Кинески хороскоп за 2021: Еве на кого ќе му биде добра година, а кој ќе треба повеќе да се потруди

19 декември, 2020
kineski-horoskop-650x396

Политичките превирања, социјалните немири, економскиот пад и глобалната пандемија што се случува еднаш во сто години сериозно ги променија нашите животи.

Иако многумина со право ќе кажат дека 2020 година беше година на катастрофа со епски размери, тоа исто така ни даде можност да се промениме и самите себе и светот на подобро.

Секоја кинеска хороскопска година е дефинирана од еден од петте елементи.

Следната 2021 година ќе биде година на метален бивол, а неговата порака е јасна – успехот ќе дојде кај оние кои напорно работат, пренесува Атма.

Погледнете што ве чека во 2021 година:

Стаорец

Година на раѓање: 1912, 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020 година

Следната година на стаорецот: 2032 година.

Ова се тешки времиња, затоа не се надевајте дека сè што сакате ќе „падне од небото“. Но, тоа не значи дека следната година ќе биде слаба со убави настани.

Ако сакате успех на работа, ќе мора да работите понапорно. Бикот е животно што е вредно, и го очекува истото од другите – да бидат упорни, доследни и да „горат“ на работното место.

Бивол

Година на раѓање: 1913, 1925, 1937,1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009 година

Следната година на биволот: 2021 година.

Пред вас е година во која ќе можете да уживате во плодовите на вашиот труд. Исто така е одлична година за брак и планирање на раѓање.

Претходните години многу се намачивте, но исто така научивте многу и сега треба да уживате во подароците што небото ви ги испраќа како заслужена награда.

Тигар

Година на раѓање: 1914, 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010

Следната година на Тигарот: 2022 година.

Ова е година кога ќе треба да се посветите на завршувањето на започнатата работа и исполнување на ветувањата што ги дадовте.

Вметнете ја целата ваша енергија, затоа што ако сега се коцкате со шансите на кои сте работеле претходните години, никогаш повеќе нема да можете да ги реализирате.

Воздржете ја својата експлозивна природа, бидете повеќе скротени и подгответе се да започнете ново поглавје во вашиот живот во 2021 година.

Зајак

Година на раѓање: 1915, 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011 година

Следната година зајак: 2023 година.

Другите ќе очекуваат многу од вас, и ќе мора да почекате заслужените награди. Ова може да изгледа фрустрирачко, но не дозволувајте околностите да ве расипат.

Бидете трпеливи и не донесувајте избрзани одлуки.

Змеј

Година на раѓање: 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012 година.

Следната година на Змејот: 2024 година.

Оваа 2020 година беше прилично добра за вас, а ниту следната нема да биде лоша. Ве чекаат месеци на постојан напредок, но ќе мора да се вклучите уште малку.

По природа сте сонувач, но шефовите нема да имаат разбирање за тоа. Во годината на метален бивол нема да стигнете далеку ако не сте фокусирани и приземни.

Змија

Година на раѓање: 1917, 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013 година

Следната година на змијата: 2025 година

За разлика од она што ви се случи во 2020 година, во 2021 година ќе имате повеќе среќа на сите полиња.

Само внимавајте да не претерувате со очекувањата на другите луѓе – во тој случај може да бидете длабоко разочарани.