Која страна од вашиот мозок е ПОДОМИНАТНА? Направете краток тест и дознајте повеќе за вашиот карактер (ФОТО)

27 декември, 2020
pamet-pametna-zena-mozak-1536x864

Погледнете ја илустрацијата во текстот и одговорете на прашањето искрено

Секој од нас, е приказна за себе.

Некои сакаат да читаат, други се спортски настроени, а трети се уметнички типови. Постојат луѓе кои се родени лидери и оние кои функционираат подобро како дел од тим.

Во секој случај, без оглед на вашата улога во животот, ако сте задоволни во вашата кожа – одлично.

Сепак, некои работи во животот се дефинираат со нашето раѓање. Затоа, во зависност од тоа дали повеќе ја користите левата или десната страна на мозокот, можеби ќе бидете наменети за некои занимања, хоби или интереси.

Па, зошто да не се забавуваме и да провериме која страна на нашиот мозок работи подобро?

Погледнете ја илустрацијата подолу и искрено кажете ни, кое од двете животни прво го видовте?

Според докторот и психијатар Кристијан Ризеја, на илустрацијата се прикажани две животни – мајмун и тигар.

Видовте мајмун – десната страна

Ова обично значи дека сте склони кон уметност или имате уметничка линија и дека сте вешти со вашите раце. Вие сте креативни и со слободен дух, секогаш подготвени за нешто ново, различно.

Инспирирате други и можете да разберете повеќе од другите луѓе, сепак, она што понекогаш е добро во вашиот случај, а понекогаш и не толку, е тоа што срцето често оди пред умот. Емоциите се она што ве води.

Видовте тигар – левата страна

Со вас разумот е оној кој ве води. Логично размислување пред сè, факти, логистика, методологија, линеарно размислување. Во превод, пред секоја „борба“ ќе направите план. Исто како во природата, така и во животот, тигарот е тој што чека, демне и напаѓа кога работите одат по својот пат. Исто е и со вас. Вие сте некој кој размислува за причините и последиците пред да сподели, и тие често би биле одлични како водачи на тимови.

escort - Korsan taksi