КОЛКУ ТРЕБА ДА БИДЕШ ЛУД ЗА ДА ГО СТОРИШ ОВА? Погледнете како ликот со глава скрши 245 ореви за една минута!
2 октомври, 2020
Во морето на чудни рекорди во Гинис последните неколку дена, на социјалните мрежи кружи видео од кршење ореви. Но, не со чекан, или со некоја друга алатка, туку со глава.
Така, С.Навин Кумар од Индија и Мухамед Рашид од Пакистан се најдоа на „бојното поле“. Погледнете кој беше поуспешен. Да не речеме повеќе тврдоглав.