Колку жени НАВИСТИНА гледаат фудбал, а колку мажи не можат да го поднесат

16 јуни, 20200
вцџвцџ

Една од најчестите причини за расправија, особено ако имате еден телевизор во куќата, е аргумент за тоа како би било да се гледа фудбалски натпревар наместо омилената сапуница.

Факт е дека мажите се чудат кога дамите гледаат фудбал, а исто така е познато дека се чудат и кога другите мажи не гледаат фудбал…

Бидејќи Англија е лулка на фудбалот, логично е да се погледне како стојат работите во Велика Британија.

Според официјалните податоци на Премиер лигата, 61% од дамите изјавиле дека никогаш не гледаат фудбалски натпревари, што не е ни изненадување, сепак, неверојатни 38% од анкетираните мажи рекле дека не сакаат фудбал и дека НИКОГАШ не гледаат натпревари!

Кога ќе погледнете подетално во истражувањето во кое учествувале 6.069 испитаници од двата пола на возраст над 18 години, 6 проценти од жените и 19 проценти од мажите не ги пропуштаат натпреварите.

Честопати, 8 проценти од жените и 16 проценти од посилниот пол го гледаат преносот.

Повремено, натпреварите ги следат 10 проценти од дамите и 12 проценти од мажите.

Многу ретко, 15 проценти од жените и мажите гледаат фудбал.

Второто истражување, во кое учествуваа 1.500 жени, донесе уште поинтересни податоци.

Околу 50 проценти од анкетираните дами изјавиле дека редовно гледаат преноси од Светскиот куп во Русија, а 33 проценти потврдија дека следат во Премиер лигата.

И најинтересно, 20 проценти од жените изјавиле дека имаат годишни билети за претплата за натпреварите на нивниот омилен тим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *