Конечно! Прочистувач на воздух за велосипедистите кои возат по градот

14 јули, 20200
Annotation 2020-05-20 213014

Прочистувачот не само што го филтрира воздухот и го блокира влезот на минијатурните честици од 0,4 микрони, туку и елиминира бактерии во воздухот.

Возењето на велосипед е здрава активност која ги јакне мускулите, го поттикнува согорувањето на калориите, го подигнува расположението и дава енергија. Но колку здравствени бенефити добивате доколку се возите со велосипед во густиот сообраќај и вдишувате издувни гасови од стотици моторни возила?

Баш затоа многумина го нарекуваат Iwind револуционерен нов производ кој ќе биде од огромна корист на велосипедите во големите градови.

Станува збор за маска со вграден прочистувач на воздухот која лесно се спојува со било која кацига за велосипед, а е направен е од рециклирана пластика и силикон.

Прочистувачот опфаќа заменлив филтер и вентилатор на литиумска батерија која може да се полни. Не само што е прочистувач на воздух и го блокира влезот на минијатурните честици и од 0,4 микрони, туку ги елиминира и бактериите во воздухот.

Прочистениот воздух се испушта директно на подрачјето на носот и устата, а може дури и да го загрева за време на ладните денови.

За разлика од обичните маски за лице, Iwind се истакнува по тоа што не ги замаглува стаклата на наочарите на велосипедистите, не го допира лицето, не ја менува бојата на гласот на оној кој го користи и немора да се пребришува по употреба.

Во моментов, во тек е Kickstarter кампања за собирање на парични средства кои ќе овозможат пошироко производство на овој производ.  Како овој корисен гаџет може да биде ваш, дознајте тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi