Конечно! Решена вечната дилема кој би требало да го плати кафето на првиот состанок

22 октомври, 2020
people-25574081920-830x0


Секогаш постои тој незгоден момент на првиот состанок кога ќе пристигне сметката и мажот и жената се гледаат едни со други. Кој треба да плати? Ова е една од најголемите дилеми кога станува збор за дружење. Конечно го добивме одговорот на тоа прашање! Околу 55 проценти од жените сметаат дека мажот треба да плати на прв состанок, а 78 проценти од посилниот пол се согласуваат, според заедничкото истражување на веб-страниците за состаноци во САД JDate и ChristianMingle.com, во кое учествувале 2.700 луѓе.

– Некои мажи разбираат дека нивна обврска е да ја подмират сметката, но ако жената сака или инсистира на споделување на сметката, тоа е нејзино право што треба да се почитува. Најважно е што и на двајцата им е пријатно – изјави американската терапевтка за брак Рејчел Сасман.

Ако не ви е пријатно, понудете да ја помирите сметката или барем да ја поделите на половина. Ако му дозволите да плати, покажете благодарност и не дозволувајте да ве уценува со тоа. Без оглед дали се чувствувате непријатно или не сакате да му должите, најдобро е да ја поделите сметката, објасни Сусман.

Исто така, ако знаете дека неговата финансиска состојба е полоша од вашата, пристојно е да платите за вечера. Плаќањето на сметката е еден вид тест за вториот состанок, односно дали воопшто ќе биде. Вака жените гледаат дали мажот е материјал за врска, дали е скржав и дали има добри манири.