Корејски научници смислија генијално решение за еден од најчестите проблеми денес – скршен екран на мобилен телефон

25 декември, 2020
Screenshot_5

Со оглед на тоа што податоците покажуваат дека една четвртина од корисниците на паметни телефони мораат да го заменат екранот на својот телефон поради оштетување, ваквата супстанција може да биде голем хит.

Два тима истражувачи од Јужна Кореја објавија дека нашле решение за проблем што мачи милиони луѓе ширум Светот – испукани екрани на мобилни телефони.

Експертите од Корејскиот институт за наука и технологија и универзитетот Јонсеи успеаја да развијат полимер што може да се вгради во ЛЦД-екраните, како што се оние инсталирани на паметни уреди, а кој е во состојба сам да заздравува, односно да ја санира пукнатината.

Според научниците, тие користеле супстанца добиена од ленено масло, кое под УВ-светло може да се врати во првобитната состојба во рок од 20 минути, или на собна температура во рок од 12 часа.

Како што објаснија, тие создадоа полимер кој содржи микрокапсули со ленено масло во комбинација со силикон. Овој полимер потоа беше претворен во заштитен слој што може да се нанесе на екранот на паметниот телефон. Кога екранот е оштетен, микрокапсулите пукаат и ги исполнуваат пукнатините, поправајќи го оштетениот екран.

Со оглед на тоа што податоците покажуваат дека една четвртина од корисниците на паметни телефони мораат да го заменат екранот на својот телефон поради оштетување, ваквата супстанција може да биде голем хит.

Но, ова не е ниту прв ниту единствен изум за „поправка“ на оштетените екрани на паметните телефони. Проблемот е во тоа што ваквите системи се сè уште прескапи за да бидат достапни за масите, па затоа е подобро за корисниците, во повеќето случаи, да се збогуваат со расипан уред и да купат нов отколку да ја санираат штетата.

Самозапечатливите транспарентни полиимиди можат да бидат решение за продолжување на животниот век на мобилните телефони, особено флексибилните екрани и електронските материјали, истакна Јунг Јонг-ча Фановите на висока технологија сигурно би се согласиле да платат неколку стотици куни повеќе за тоа.